Достапни линкови

Продолжуваат и загадувањето и ветувањата


Архивска фотографија - Протест против загадувањето на воздухот во Тетово. Аријанит Џафери од Еко Герила.
Архивска фотографија - Протест против загадувањето на воздухот во Тетово. Аријанит Џафери од Еко Герила.

Во 2016 остануваат исти и загадувањето на воздухот во Тетово, како и најавите на инистуциите за преземање мерки.

Над 20 денови или повеќе од половина месец во јануари беа евидентирани во Тетово со загаден воздух, односно присуство на штетните пи-ем 10 честички. Иако не работи фабриката Југохром, посочувана како еден од најголемите загадувачи, аерозагадувањето и оваа зима во градот е постојано и со високо присуство на отровните материи.

Да се фатат посериозно со ова, оти време веќе нема. Цело време ни ветуваат едно подобро време, следната година, следна година. Еве веќе следната веќе стигнам 2016 сме, и очекуваме барем сега да се фатат посериозно со работа.
Аријанит Џафери, Еко Герила.

„Ние се уште очекуваме од страна на општината да донесе одлука за дислоцирање на дивата депонија која се уште се наоѓа во влезот на град. Исто така очекуваме од нив да се реши проблемот со јавниот превоз. Има и други проблеми, чекаме Тетово да се вклучи на гасификацијата и тоа уште повеќе ќе го намали загадувањето“, вели Аријанит Џафери од еколошкото здруженија Еко Герила.

Се поизвесно е дека тетовци ќе имаат уште една зима со загаден воздух со оглед дека претставниците и на централните и локалните институции повторно најавуваат мерки кои би придонеле за почист воздух.

„Ние како Влада веќе имаме преземено чекори за гасификација на целата држава, вклучувајќи го и регионот. Тоа се сè краткорочни и долгорочни мерки со кои ние мислиме дека ќе се реши дел од загадувањето на воздухот. Една координација меѓу локалната и централната власт е неопходна“, изјави министерот за животна средина Нурхан Изаири.

„Баравме од Владата да обезбеди осум автобуси исто така како за Скопје за да може да функционира јавниот превоз во Тетово. Се уште немаме добиено одговор за нашето барање. Ние сме одлучни наредната година со сопствени средства да го материјализираме овој проект кој е мошне значаен за градот како од аспект на редуцирање на градскиот сообраќај така и за намалување на загаденоста“, истакна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Невладините организации повторно преку протести ќе побараат поефикасна работа на институциите околу загадениот воздух.

„Секако ќе има некои активности. Очекуваме дека наскоро ќе има и некои други блокади низ целата држава каде што загадувањето е повисоко. Општината треба да си ја прави својата работа. Тоа нека е пораката. Да се фатат посериозно со ова, оти време веќе нема. Цело време ни ветуваат едно подобро време, следната година, следна година. Еве веќе следната 2016 сме, и очекуваме барем сега да се фатат посериозно со работа“, смета Аријанит Џафери.

Од 365 денови во 2015 година, без загадување на воздухот во Тетово имаше само триесетина денови.

XS
SM
MD
LG