Достапни линкови

Стечајците најавуваат радикални протести


Архивска фотографија - Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје.
Архивска фотографија - Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје.

Ако Собранието не го донесе новиот предлог закон за стечајци, тие најавуваат дека секоја недела ќе протестираат на улица. Стечајците се надеваат на совеста на пратениците, но искуството покажува дека Парламентот го отфрла секој предлог закон кој не доаѓа од владејачкото мнозинство.

Порадилкални протести со блокади најавуваат стечајните работници доколку пратениците не го донесат законот кој ќе овозможи да се реши статусот на 4.000 луѓе кои влегуваат во оваа категорија.

Јас бидејќи по петти пат поднесувам предлог закон за обештетување на стечајните работници, се надевам дека овој пат ќе проработи совеста на пратениците и дека ќе ги остават партиските интереси и мислам дека би требало да се згрижи оваа категорија на работници и да се заврши нашата агонија и еднаш засекогаш да се тргнеме од улица.
Љиљана Георгиевска, здружение на стечајни работници „УНИТ“.

Љиљана Георгиевска од здружението на стечајни работници „УНИТ“ вели дека гарантира оти секоја недела ќе протестираат на улица, но сепак се надева дека овој пат пратениците ќе го слушнат нивниот глас.

„Јас бидејќи по петти пат поднесувам предлог закон за обештетување на стечајните работници, се надевам дека овој пат ќе проработи совеста на пратениците и дека ќе ги остават партиските интереси и мислам дека би требало да се згрижи оваа категорија на работници и да се заврши нашата агонија и еднаш засекогаш да се тргнеме од улица“, вели Георгиевска.

Вчера пратеничката група на СДСМ во Собранието предложи закон со кој ќе се реши статусот на 4.000 стечајни работници. Тие треба да се на возраст од 52 години за жени и 55 години за мажи, да имаат 15 години работен стаж и да останале без работа како резултат на стечај, ликвидација или технолошки вишок од претпријатијата заклучно со 31 декември 2013 – та година. Пратениците треба да гласаат и за два предлог закона за дополнување на Законот за енергетика, поднесени од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и на ЛДП.

Но, во македонскиот Парламент подолго време се практикува да биде отфрлен секој предлог закон кој не доаѓа од владејачкото мнозинство, колку и да е добар.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири коментира дека состојбата е таква бидејќи во услови на диктатура на партиите, пратениците немаат самостојност и независност.

„Сите пратеници се војници на одредена партија и се претвараат во гласачка машина. Така што може да се каже дека ова е недостиг на демократија, недостиг на политичка свест, затоа што фактот што пратениците прифаќаат да бидат играчки на шефовите, односно на партиите, покажува дека во тој правец ништо не е можно“, вели Демири.

Тој додава дека за ваквата состојба може да се промени доколку се промени изборниот систем, кој како што вели би овозможил рушење на диктатурата на политичките партии и нивно демократизирање: „Ако изборниот систем се промени и ја обезвласти партијата, тогаш е можно да се развиваат сите демократски процеси“, вели Демири.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG