Достапни линкови

Што ќе значи зголемената каматната стапка во САД?


Централната банка на САД ја зголеми каматната стапка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Централната банка на САД ја зголеми каматната стапка

Американската Централна Банка, за прв пат по скоро десет години, ја подигна референтната каматна стапка, како што подолго време и се очекуваше на светскиот пазар. Оваа одлука, според експертите, ќе има ограничено влијание врз пазарите и врз стопанствата на земјите во развој.

Каматната стапка за прв пат од 2006 година е зголемена и тоа за 0,25 насто. Од 2008 година таа беше држена меѓу нула и 0,25 насто со цел да се поттикне заздравувањето на американското стопанството по финансиската криза. Сега каматната стапка ќе биде меѓу 0,25 и 0,50 насто.

Монетарниот одбор на Федералните резерви, ФЕД наведе дека зголемувањето на каматната стапка ќе биде постепено, додавајќи дека до крајот на идната година таа би требало да изнесува околу 1,4 насто.

Банката оцени и дека годинава значително се подобрила ситуацијата на пазарот и оти инфлацијата ќе изнесува 2 насто.

Најновата одлука на Федералните резерви го означи крајот на ерата на вонредното олеснување во монетарната политика.

Експертите предвидуваат дека зголемувањето би требало да има ограничено влијание врз берзите и оти нема да донесе негативни последици врз економиите на земјите во развој.

Веќе е зголемена вредноста на доларот и со тоа се ставени под притисок другите валути на пазарот. Сепак мислам дека има и други поважни фактори. На пример, ребалансот на увозот во Кина има поголем ефект врз пазарите на земјите во развој и предизвикува пад на нивните валути поради ослабениот извоз.
Џозеф Гањон, Петерсон Институт, Вашингтон

Едвин Труман, од Петерсон Институтот за Меѓународна економија во Вашингтон вели дека покачувањето на каматната стапка бил претпазлив потег во согласност со очекувањата на пазарот.

„Дваесет и пет основни поени во стапката на федералните фондови не е голем потег. Американската монетарна политика ќе продолжи да биде многу приспособлива“, изјави Едвин, наведувајќи дека зголемувањето на стапката најверојатно нема да им наштети на економиите на земјите во развој и покрај притисокот со кој веќе се соочуваат.

На ист став е и Џозеф Гањон исто така од Петерсон Институтот во Вашингтон.

„Веќе е зголемена вредноста на доларот и со тоа се ставени под притисок другите валути на пазарот. Сепак мислам дека има и други поважни фактори. На пример, ребалансот на увозот во Кина има поголем ефект врз пазарите на земјите во развој и предизвикува пад на нивните валути поради ослабениот извоз“, наведува Гањон.

Експертите оценуваат дека порастот на каматната стапка сигнализира значително подобрување на пазарот на трудот и на економските услови во Соединетите држави.

Функционери на Федералните резерви очекуваат економијата да продолжи да расте со умерено темпо и постепено да се прилагодува кон новиот потег во монетарната политика.

„Зголемувањето на многу мала каматна стапка што е предизвикано од силната американска економија е добро за Кина, многу подобро отколку спротивното. Да претпоставиме дека економијата на САД е многу слаба да не расте. Тоа ќе биде лоша вест за Кина, бидејќи тоа значи дека американците нема да бидат заинтересирани за кинески производи“, вели Гањон.

Претходно, претседателската на Федералните резерви Џенет Јелен оцени дека најновиот потег е одраз на довербата во американската економија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG