Достапни линкови

Здравјето на сексуалните работнички во рацете на невладиниот сектор


Илустрација.
Илустрација.

Сексуалните работнички се група на граѓани каде постои стигматизација дури кога и треба да добијат здравствена помош. Во Тетово, невладиниот сектор преку програма за поддршка на сексуалните работнички се обидува да им помогне во одржувањето на здравјето. Анонимноста на програмата е причина таа да биде мошне прифатена.

Во 2014 година Центарот за развој и унапредување на јавниот живот од Тетово започна програма во која се проверува здравјето на сексуалните работнички со цел да се одржи ниско ниво на сексуално преносливите болести. Можноста за здравствени прегледи и друга грижа, а воедно тоа да биде анонимно и бесплатно, ги привлече жените кои се занимаваат со ваква работа, вели извршниот директор на Центарот, Борислав Павлоски.

Поради постоењето на стигматизацијата и дискриминацијата, како и непостоењето на анонимност на услугите кои ние им ги нудиме, сексуалните работнички кои се опфатени со оваа програма изразуваат голема благодарност и голема приклученост кон истата таа програма, бидејќи тука чувствуваат можност за анонимност за сите оние прегледи кои не би можеле да ги имаат во редовниот здравствен систем.
Борислав Павлоски, Центарот за развој и унапредување на јавниот живот од Тетово.

„Ако во 2014 година имавме 42 регистрирани сексуални работнички, до ноември имаме регистрирано 82, што претставува 100 отсто зголемување во однос од минатата година“, вели Павлоски.

Големиот одзив за приклучување кон програмата, според вработените во Центарот, е поради тоа што во редовниот здравствен систем овие жени се подложени на разни облици на дискриминација, како од здравствените работници, така и од населението.

„Поради постоењето на стигматизацијата и дискриминацијата, како и непостоењето на анонимност на услугите кои ние им ги нудиме, сексуалните работнички кои се опфатени со оваа програма изразуваат голема благодарност и голема приклученост кон истата таа програма, бидејќи тука чувствуваат можност за анонимност за сите оние прегледи кои не би можеле да ги имаат во редовниот здравствен систем. Целта на оваа програма е да се опфатат сексуалните работнички кои имаат ограничен или воопшто немаат пристап до сервисите за заштита на сексуално и репродуктивно здравје во локалните здравствени установи во Општина Тетово и полошкиот регион“, смета Павлоски.

Во рамки на програмата за поддршка на сексуални работнички наоѓаат единствено место каде што можат да добијат гинеколошки прегледи, ПАП тестови, тестирање на ХИВ вирус, како и сексуално преносливи болести. Исто така во склоп на оваа програма корисничките можат да добијат друг вид помош кога во прашање се нивните потреби од институционална грижа.

XS
SM
MD
LG