Достапни линкови

Бајден: Балканот во ЕУ, гаранција за мир во Европа


Бајден: Балканот во ЕУ, гаранција за мир во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Бајден: Балканот во ЕУ, гаранција за мир во Европа

Американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кои учествуваа на самитот на Југоисточна Европа во Загреб, ја истакнаа важноста од влегувањето на Западен Балкан во Европската унија. На собирот беше изразена посветеноста за заедничка борба против тероризмот.

Состанокот на шефови на држави од Југоисточна и Централна Европа што редовно се одржува од 2013 година е дизајниран за унапредување на регионалната соработка и европската интеграција и да служи како форум на највисоко ниво за разгледување на прашањата кои се однесуваат на регионот во целина.

Тоа всушност се нагласува во заедничката лидерска изјава по состанокот по кој американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека целосно интегрирање на регионот во Европската унија ќе биде крајната гаранција за стабилноста на Европа.

„Со нетрпение очекуваме, и тоа е сон на мојата генерација и генерацијата на татко ми, дека таму ќе биде Европа која е целосна, слободна и во мир. Според моето, а и според сегашното мислење, тоа не е реално можно без југоистокот, или Балканот, да биде целосно интегриран во Европа. Тоа е крајна гаранција дека Европа ќе биде цела, слободна и во мир“, изјави Бајден.

Со нетрпение очекуваме, и тоа е сон на мојата генерација и генерацијата на татко ми, дека таму ќе биде Европа која е целосна, слободна и во мир. Според моето, а и според сегашното мислење, тоа не е реално можно без југоистокот, или Балканот, да биде целосно интегриран во Европа. Тоа е крајна гаранција дека Европа ќе биде цела, слободна и во мир.
Џо Бајден, потпретседател на САД.

Американскиот потпретседател го оцени напредокот на секоја од земјите од регионот и ги кажа своите забелешки, нагласувајќи дека вратата на НАТО останува отворена за сите.

Тој, исто така, рече дека лидерите разговараа за важноста на диверзификацијата на енергетските ресурси, и за справувањето со мигрантската криза во регионот.

„Ова е уште еден предизвик што бара од сите нас, вклучувајќи ги и Соединетите Држави да соработуваме. Ние сите треба да направиме повеќе“, додаде тој.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск исто така ја потврди посветеноста на Европската унија во зголемувањето на можностите за членство на земјите од регионот, во светлината на терористичките закани.

„Мораме силно да го потврдиме процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западниот Балкан. Даваме целосна поддршка на дијалогот за споделување информации за безбедност, бидејќи тероризмот е заеднички глобален проблем. Затоа е потребен сеопфатен приод во борбата со оваа закана“, рече Туск.

Тој го коментираше за неодамнешните соборувањето на руски воен авион од страна на Турција во пограничниот појас во близина на Сирија.

Туск побара од сите инволвирани да работат на деескалација на тензиите да ги здружат силите против милитантите на Исламската држава.

„Инцидентот ја истакна тешката ситуација во Сирија, каде што постојат различни актери со различни интереси и спроведуваат различни операции со различни цели“, рече Туск.

На самитот Брдо Бриони во Загреб, како што е соопштено, лидерите се договориле да продолжи јакнењето на партнерството со Соединетите држави и Европската унија и да се внесе нова енергија во ширењето на Унијата и НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG