Достапни линкови

Како економскиот неуспех стана успех


Македонија се задолжи, ама не грижете се пари за плати и пензии ќе има, вели Ставрески. Луѓето не препознаваат што значат задолжувањата или пак и тоа го гледаат низ партиска призма, велат социолозите.

Министерот за финансии Зоран Ставрески најмалку има морално право да се фали дека се е во ред со државниот буџет, оценуваат познавачите на состојбите, откако за издавањето на еврообврзницата од 270 милиони евра, Ставрески рече Македонија обезбедила стредства за финансирање на сите проекти и потреби во буџетот, а според него најзначајно е што во услови на нестабилност и политичка криза, едниствената светла точка била економијата. Ставрески истакна дека се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на буџетот и во 2016 година.

Него цела Македонија го слушнавме [ преку „бомбите“], сите граѓани, како вели дека состојбата со буџетот е катастрофална. Тоа досега 10 години не го кажал ниту еден од критичарите на финансиската и економска политика во Македонија. Така што неговото дволично однесување дефинитивно се разобличува.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

„Него цела Македонија го слушнавме [ преку „бомбите“], сите граѓани, како вели дека состојбата со буџетот е катастрофална. Тоа досега 10 години не го кажал ниту еден од критичарите на финансиската и економска политика во Македонија. Така што неговото дволично однесување дефинитивно се разобличува“, коментира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Тој додава Владата се повлекла да ја задолжи земјата со дополнителни 500 милиони евра поради острите реакции на граѓаните на Македонија, но и бидејќи потпишувањето на заемот го условил новиот заменикот министер за финансии.

За тоа дали граѓаните задолжувањето го прифаќаат како факт дека треба да бидат среќни бидејќи во буџетот ќе има пари за плати и за пензии, социологот Илија Ацески објаснува дека ситуацијата може да се разгледува од две страни. Едниот аспект според него е што најголемиот дел од популацијата во Македонија не може да претпостави што значи задолжувањето, а вториот е што другиот дел од граѓаните задолжувањето го гледаат во контекст на партиско политичка позиција.

„Тоа значи ако една страна ја нагласува таа компонента дека Македонија неоправдано се задолжува, тоа најчесто е таа опозиција, а она што е вториот дел е таа позиција, за да ги покрие потребите на буџетот, потребите на граѓаните за нормално да функционира државата, таа тоа го смета за голем успех. Ние не го поставуваме прашањето околу тоа за што всушност тие пари ќе бидат употребени. Ако тие пари се употребат за да се потрошат за непродуктивни цели, како што тоа се прави, тоа е едната позиција и тука е во право самата опозиција, дека парите во тој контекст мора да бидат строго контролирани, дали тие ќе донесат еден бенефит за иднина или едноставно ќе покријат некои други потреби“, вели Ацески.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG