Портпаролот на белгиското обвинителство Ерик Ван Дер Сјипт изјави дека нема да биде откриен идентитетот на другите уапсени во акцијата во Брисел во интерес на натамошната истрага. Се додава дека за време на акцијата бил извршен претрес во 19 куќи во регионот на Брисел и во дополнителни три куќи во јужниот регион на Белгија. Притоа, како што е соопштено, не било откриено оружје или експлозив.
Во Брисел полицијата стрелала врз едно возило кое налетало на полициска контрола. Во пукањето бил повреден возачот кој успеал да побегне, но набрзо бил уапсен.
Апсолутно сум загрижен. Живеам во Брисел веќе 20 години и никогаш не сум го видел ова. Шетајќи по улица бев запрен и ми беше речено дека е најдобро сега да не одиме по улиците. Тоа е што ме паничи.жител на Брисел.
Во Брисел на 21 ноември беше воведенавонредна состојба од највисоко ниво поради, како што соопштија белгиските власти, сериозна закана од координирани напади на исламските екстремисти.
Како можни цели се посочени трговски центри, улични пазари и јавниот превоз.
„Заканата не доаѓа од еден човек. Во потрага сме по повеќе работи, не само по Салах Абдеслам. Затоа имаме распоредено толку сили во Брисел“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон.
Премиерот Шарл Мишел, пак, оцени дека постои страхување од слични напади како оние во Париз кога неколку лица активираа експлозив и стрелаа на разни локации.
Одговорноста за тие напади ја презедоа милитантите на Исламската држава, додека Брисел, особено делот Моленбек, стана центар на истрагата откако се откри дека двајца од бомбашите самоубијци живееле таму.
Еден од осомничените за париските напади, 28-годишниот Абделхамид Абауд, Белгиец со мароканско потекло, беше убиен за време на полициската акција во Сен Дени, предградие на Париз, на 18 ноември.
Во неколкуте досегашни акции, белгиската полиција успеала да открие лабораторија за правење експлозиви.
„Апсолутно сум загрижен. Живеам во Брисел веќе 20 години и никогаш не сум го видел ова. Шетајќи по улица бев запрен и ми беше речено дека е најдобро сега да не одиме по улиците. Тоа е она што ме паничи“, вели еден жител на Брисел.
Со слично мислење е една негова сограѓанка:
„Постои клима на несигурност, која за жал, според мене, нема наскоро да заврши.“
„Прашањето е колку време ќе траат овие мерки. Ова го правиме веќе една недела и имаме големи проблеми како на пример со метрото. Тоа е голем проблем во Брисел, Така навистина се прашувам колку долго ќе трае сево ова“, велат анкетираните граѓани.
Брисел е град со над еден милион жители и во него се седиштата на Европската унија и на НАТО, како и на голем број меѓународни корпорации.