Достапни линкови

Исламската држава одговорна за нападите во Париз


Синоќа во серија напади во Париз животот го загубија 127 луѓе. Францускиот претседател Франсоа Оланд ги нарече нападите варварски чин и прогласи вонредна состојба. Исламската држава соопшти дека е одговорна за нападите.

Исламската Држава ја презема одговорноста за нападите во Париз. Во соопштението објавено на интернет е напишано „Осум наши припадници кои носеа самоубиствени бомбашки елеци ги извршија нападите во Париз“. Според организацијата, нападите биле одговор на навредите кон исламскиот пророк и воздушните напади на нивните територии.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека во нападите во Париз загинале 127 луѓе. Според Холанд, нападите биле извршени од екстремисти на Исламската држава. Нарекувајќи ги нападите „акт на војна“ во денешното телевизиско обраќање тој нагласи и дека нападите биле организирани од странство со помош внатре од Франција.

Серијата напади во главниот град на Франција се најлошите терористички напади со кои досега се соочила земјата.Полицијата соопшти дека 8 од напаѓачите загинале, од кои седум кога го детонирале самоубиствениот елек кој го носеле, а еден од нив бил застрелан од безбедносните сили. Се уште не е јасно колку точно напаѓачи биле инволвирани во инцидентите.

Ние ќе ја предводиме борбата, Ние ќе бидеме безмилосни.
Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Најтешкиот напад се случи во концертната сала Батаклан во која се одржувал концертот на американскиот рок бенд „Иглс оф дет метал“. Околу 1500 обожаватели на бендот биле држени како заложници кога напаѓачите започнале да пукаат во нив. Локалните власти соопштија дека најмалку 87 луѓе биле убиени во концертната сала.

Сведок кој бил присутен на концертот за време на нападот изјави дека вооружените лица извикувале „Господ е голем“ на арапски јазик по што по случаен избор пукале кон насобраната толпа.

Некои од жртвите биле убиени кога напаѓачите го детонирале експлозивот на нивните самоубиствени елеци, при што полицијата уапднала во салата и успеала да застрела еден од напаѓачите пред да го активира експлозивот.

Фановите на стадионот во Париз: „имаше многу паника“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

Во исто време се случи и одделен двоен самоубиствен бомбашки напад во северниот дел на центарот на градот во близина на фудбалскиот стадион „Стад д Франс“, каде Германија и Франција играа пријателски натпревар.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, кои го следеле натпреварот, беа евакуирани.

Напад имало и пред ресторанот „Ле Карилон“ во центарот на Париз каденајмалку 11 луѓе се убиени кога повеќе вооружени лица отвориле оган кон толпата, а потоа избегале од местото на настанот.

Оланд порача дека ќе бидат немилосрдни кон напаѓачите и нивните соучесници. Тој ги нарече нападите варварски чин.

„Ние ќе ја предводиме борбата, Ние ќе бидеме безмилосни“, изјави Оланд.

Тој прогласи вонредна состојба и рече дека се затворени границите на државата.Околу 1500 француски војници се распоредени во Париз. Оланд го откажа и учеството на самитот на Г20 во Турција закажан за денеска и го повика Советот за одбрана на среда во Елисејската палата. Франција прогласи три дена на жалост.

Над 100 загинати во синхронизирани терористички напади во Париз
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00

Светските лидери ги осудија нападите.

Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа изјави дека нападите во Париз се „срамен обид за тероризирање невини цивили“. Тој вели рече дека ситуацијата е трогателна и оти нападите во Париз се напад врз целото човештво. Обама изјави дека не сака да шпекулира за тоа кој стои зад нападите.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе направат се да помогнат.

Рускиот премиер Дмитри Медведев порача дека нападите се повик за обединување во борбата против екстремизмот.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е „длабоко потресена од веста и сликите кои доаѓаат од Париз“.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги осуди „одвратните терористички напади“ во Париз. Полицијата во Њујорк соопшти дека во градот е зголемена состојба на готовност за борба против тероризмот.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го осуди „во најсилните начини овој варварски чин.“

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги нарече нападите „злосторства против човештвото“ и најави дека ќе ја одложи посетата на Париз за овој викенд.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство. Авганистанскиот главен извршен директор Абдула Абдула на Твитер напиша „овие брутални варварски и кукавички напади покажуваат дека терористите немаат релегија... Глобалните напори мораат да го елиминираат тероризмот.“

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG