Достапни линкови

Блокиран процесот за независност на Каталонија


Блокиран процесот за независност на Каталонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Блокиран процесот за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија ја суспендира резолуцијата на каталонскиот парламент за покренување процес за отцепување на тој регион од Шпанија. Ова одлука синоќа беше донесена од судот во Мадрид, а владата во Барселона веднаш најави дека нема да ја почитува и ќе продолжи да работи на отцепување.

Вкупно 11 судии ја уважиле тужбата поднесена од шпанската влада со што автоматски се суспендира каталонската резолуција се додека Уставниот суд детално не го разгледа документот, наведуваат новинските агенции, повикувајќи се на извори во судот.

Шпанскиот уставен суд го блокира обидот на Каталонија за започнување процес на сецесија откако се согласи да ја разгледа тужбата на шпанската влада со што се продлабочи ќорсокакот околу можното отцепување.

Каталонскиот регионален парламент во понеделникот усвои резолуција со која се планира етаблирање република во наредните 18 месеци на овој високо индустријализиран североисточен регион.

Тоа не е само реакција на предлогот усвоен во парламентот, станува збор за одбрана на целата земја. Ова е бесрамно непочитување на институциите на државата.
Маријано Рахој, премиер на Шпанија.

„Ова е предупредување до каталонските лидери кои ако не ја прифатат оваа суспензија тогаш ќе се соочат со обвинување за непослушност“, се наведува во одлуката на судот во Мадрид.

Каталонските лидери во Барселона кои беа избрани во септември веднаш изјавија дека ќе ја игнорираат одлуката и оти ќе продолжат да ја спроведуваат резолуцијата.

Со резолуцијата и се дава на владата во Барселона рок од еден месец да почне да работи на нов каталонски устав за кој би се гласало до средината на 2017 година.

Несогласувањата околу Каталонија драматично ескалираа неколку недели пред националните избори во декември.

Во предизборната кампања доминираат партии од десниот центар како Народната на премиерот Маријано Рахој кои се за обединета Шпанија.

"Волјата на каталонскиот народ не може да биде суспендирана. Ние сме посветени да го продолжиме нашиот демократски мандат“, оцени Ориол Хунгуерас, еден од лидерите на партиите кои се залагаат за каталонска независност.

Маријано Рахој
Маријано Рахој

Претходно премиерот Рахој изјави дека нема да дозволи отцепување на овој регион од Шпанија.

„Тоа не е само реакција на предлогот усвоен во парламентот, станува збор за одбрана на целата земја. Ова е бесрамно непочитување на институциите на државата. Тие се обидуваат тоа да го направат далеку од демократијата. Јас нема да го дозволам тоа“, рече тој.

Со сопствен јазик и посебна култура, Каталонија некогаш беше голем производител на текстил сега се обидува стане центар за технологија, а веќе има големи приходи од туризмот.

Противниците на каталонското отцепување тврдат дека и многу други шпански региони имаат посебен идентитет и јазик, и отисо отцепувањето ќе се отвори националистичката Пандорина кутија во Шпанија.

Одлуката на Уставниот суд значи дека процесот за отцепување на Каталонија се одлага на неколку месеци.

Анкетите главно покажуваат дека повеќето Каталонци сметаат оти нивниот регион мора да има право на референдум за независност, но се поделени околу тоа дали сакаат Каталонија да стане независна држава.

XS
SM
MD
LG