Туристичкиот сојуз од Охрид бара итно подобрување на патната инфраструктура која води до нашиот најголем туристички центар. Од таму ги поздравуваат активностите за изградба на автопат од Кичево до Охрид и Струга, но велат дека е непходно што поскоро и Стража да се реши со автопат. Тоа, велат, ќе овозможи зголемување на бројот на туристи на ривиерата за најмалку 15 проценти. Од Сојузот ги пренесуваат реакциите на странските гости кои забалежувале дека тој дел од патот им бил најтежок во патувањето.
На автопатот се забележуваше расфрлано ѓубре, безжичниот интернет на патарини не функционира, додека автопатаот Гостивар – Тетово заради искината жица на повеќе места го прави небезбеден и далеку од современ автопат.Драгана Ристевска, претседател на туристичкиот сојуз на Охрид.
„На автопатот се забележуваше расфрлано ѓубре, безжичниот интернет на патарини не функционира, додека автопатаот Гостивар – Тетово заради искината жица на повеќе места го прави небезбеден и далеку од современ автопат. Автопатското поврзување на охридско–струшкото крајбрежје со запад ќе донесе миниму 10-15 проценти зголемување на туристите посебно од соседните земји. Патот од Битола до Охрид кој е мошне значаен за туристите од Турција кои се моментално број еден кај нас по нивната бројност треба под итно да се рехабилитира и да се трансформира во експресен пат со заобиколница кај Ресен“, рече Драгана Ристевска, претседател на туристичкиот сојуз на Охрид.
Никола Јанев туристички водич вели дека патот од Битола до Охрид треба да прерасне во автопат.
„Сега се поправа нешто таму, но тоа не е доволно. Треба да се направи еден прав автопат. Тоа е главен пат кој оди за Солунското пристаниште, од тука поминува низ Охрид и оди за Албанија.Тоа е стара трансверзала која треба да се обнови и да се направи што поскоро. Но ние доцниме во тој погоед, но се надевам дека за неколку години ќе се направи таа инфраструктура, бидејки Скопје-Охрид би требало да се патува за еден час, а не како сега за четири часа. Се надевам дека ќе биде добро за развој на туризмот во Охрид“, рече Јанев.
Од туристичкиот сојуз оценуваат дека летната туристичка сезона била една од поуспешните во однос на бројот на странски туристи и бројот на ноќевања реализирани претежно во хотелите во охридско – струшкиот регион.
„Сезоната ќе беше уште поуспешна доколку не се случеше инцидентот во Куманово кој беше пренесуван во медиумите во соседството како да е војна во Македонија.Голем број на странски групи во тој период ги откажаа своите аранжмани. Државните институции за овој случај не реагираа правовремено посебно преку нашите амбасади во соседните земји кои мораа во првите 24 часа да реагираат и да ги негираат таквите инсинуации на одредени медиуми во соседството“, велат од туристичкиот сојуз.