Достапни линкови

Прво казнување на виновниците, па избори


За да се спроведат најавените избори неопходно е да бидат казнети виновниците за кризата. Ако сега заврши со неказнување, и другите што ќе дојдат ќе се обидат да направат грешки, вели Гзим Острени од Унитети.

Македонија постојано е малолетник во политиката и повторно е потребно меѓународната заедница да ни го покаже патот, затоа што земјата се соочува со голем проблем, вели претседателот на новата партија Унитети Гзим Острени во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде објавено в недела.

И сега ако заврши со неказнување и другите што ќе дојдат ќе се обидат да направат грешки. А за грешки се одговара и дома, во семејството, развод на бракови се прават за грешки.
Гзим Острени, претседател на новата партија Унитети.

Тој смета дека за да може да се спроведат најавените избори во април, неопходно е прво да се разберат политичките партии кои преговараат и да бидат казнети виновниците за кризата, а тоа може да го стори само народот и обвинителството.

„И сега ако заврши со неказнување и другите што ќе дојдат ќе се обидат да направат грешки. А за грешки се одговара и дома, во семејството, развод на бракови се прават за грешки. Ние овде не сме во состојба да преземеме соодветни мерки, кога ќе седне човек, кој ќе добие авторитет за одлучување треба да размисли како ќе одлучува согласно Законот и Уставот“, вели тој.

За да може да се одржат најавените предвремени избори неопходно е да се одложат изборите за онолку време колку што досега беа пробиени роковите предвидени со договорот од Пржино, затоа што ако пропадне во целост договорот, Македонија ќе се најде во многу неповолна ситуација, што би значело губење на препораката за преговори и враќање 10 години назад, вели аналитичарот Митко Гаџовски.

„Доколку не се реализира договорот во Пржино во целост во рокот во кој е предвиден претходно, сметам дека е изборите треба да се одложат за одреден временски период, меѓутоа доколку не се најде решение во следниве неколку дена, се поизвесно е дека ќе пропаднат преговорите и ќе се најдеме во една ситуација која е многу неповолна за Македонија“, вели Гаџовски.

Острени, додава дека е очигледно оти на едната страна во преговорите се ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, а од другата страна е СДСМ, а како главен виновник за кочењето на спроведувањето на договорот од Пржино е токму владејачкото дуо-трио.

„Па се гледа тоа, не треба да се биде многу паметен за да се види тоа. Кого штитат, зошто да се запре објавувањето на бомбите со закон, зошто да биде казнет некој уредник пет години ако објави „бомба“, тоа е апсурд“, вели Острени.

Токму законот кој го предложи Талат Џафери е еден од многуте докази дека ДУИ е вазал на ВМРО-ДПМНЕ, вели Острени.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG