Достапни линкови

Потребна е поголема поддршка за жртвите од семејно насилство


Илустрација.
Илустрација.

Организацијата Женски форум, која им помага на жртвите од семејно насилство, побара поголема институционална помош од локалните власти.

Во Тетово има потреба од поголема институционална грижа за жртвите од семејно насилство, па затоа е важно општината во иднина што повеќе да помага и соработува. Ова од градоначалничката го побара организацијата Женски форум, каде жртвите може да добијат бесплатна правна помош. Доколку локалната самоуправа одвои средства или објекти, би можеле да помогнеме и во друга насока, вели Слаѓана Јосифовска од Женски форум.

Не само бесплатна правна помош, туку и шелтер центрите, СОС линии, кризно сместување на жртвите, психо-социјално советување и слично. Ние заеднички во еден проект, што моментално е тековен, се бориме да обезбедиме одржливост за сите видови услуги со тоа што на жртвите би им се нудел цел пакет на услуги којшто нели е неопходен.
Слаѓана Јосифовска, Женски форум.

„Не само бесплатна правна помош, туку и шелтер центрите, СОС линии, кризно сместување на жртвите, психо-социјално советување и слично. Ние заеднички во еден проект, што моментално е тековен, се бориме да обезбедиме одржливост за сите видови услуги со тоа што на жртвите би им се нудел цел пакет на услуги којшто нели е неопходен. За нив не е доволна само правната помош. Во некои случаи да, но целокупниот пакет на услуги би придонел за подобро решавање на ваквиот проблем и решавање на проблемот што ќе го има жртвата која ќе се јави за услуга“, вели Јосифоска.

Идејата беше посочена на една средба на претставници на невладини организации со општината, на која беше и градоначалничката Теута Арифи. Таа вели дека секоја добра иницијатива општината би ја помогнала во зависност од материјалните можности.

„Најдов општина лошо менаџирана. И лошото менаџирање подразбира помалку шанси, помалку можности за граѓаните и подразбира помалку можности за цивилниот сектор да добие и поголема финансиска поддршка за остварување на проектите“, изјави градоначалничката.

Јосифовска вели дека многу луѓе ќе останат без неопходна помош, бидејќи без поддршка се заканува затворање на Центарот.

„Досега е исклучиво финансиран од странски донатори коишто сè помалку ги има, а се работи за услуга која е уникатна во нашиот град и полошкиот регион слободно да кажам. Затоа што се работи за докажан сервис, односно услуга којашто е лесно достапна до граѓаните, добро познат е сервисот“, вели Јосифоска.

Во изминатите девет месеци од 2015 година, 20 луѓе побарале да добијат правна помош од Центарот.

XS
SM
MD
LG