Достапни линкови

Климатските промени го намалија медот


Производството на мед е послабо од претходните години и приносите се намалуваат од година во година, велат пчеларите.

Климатските промени и сè поголемата употреба на пестицидите во земјоделското производство негативно се одразуваат врз опстојувањето на пчелните заедници и нивното создавање на медот, велат долгогодишните кумановски пчелари. Пчелите се суптилни суштества и тие се многу важни за одржување на балансот во природата.

Оптималниот развој на пчелните семејства во месеците јуни и јули тие се соочија со голема суша. Во природата имаше температури, но немаше влага. Затоа оваа година е помалку медоносна од претходните.
Часлав Ристовски, пчелар.

Пчеларот Круме Арсовски забележува дека и покрај научните светски студии дека пчелните заедници се во опасност поради климатските промени, оптимист е дека природата ќе се погрижи да го одржи балансот во живиот свет. Ова, според него, производството на мед е послабо од претходните години и дека приносите се намалуваат од година во година.

„Ноќите беа многу студени и пчелата не можеше да работи рано наутро, па ние колегите почнавме да се шегуваме дека пчелата како да е во Европска унија, таа почна да излегува во 9 -10 часот претпладне, наместо во 5 часот наутро. Пчелата не само што го носи најчистиот, најблаготворниот прехранбен артикал медот, поленот, прополисот, млечот и друго, таа многу влијае врз развојот на природата. На пример, не може да се замисли опрашување на овошките без пчелата, на сончогледот,..., така да со изумирање на пчелата ќе изумре и живиот свет на земјата. Меѓутоа да се надеваме дека сето она што го создала природата ќе се погрижи да опстане како и пчелата, иако се многу сурови условите во кои таа сега живее.“

Оваа за разлика од двете претходни години е подобра. Кај нас во Берово. Светлиот мед е малку послаб, а темниот е многу добар.
Ванчо Самарџиски, пчелар од Берово.

И пчеларот Часлав Ристовски вели дека климатските услови во Кумановско не биле погодни за пчелите.

„Оптималниот развој на пчелните семејства во месеците јуни и јули тие се соочија со голема суша. Во природата имаше температури, но немаше влага. Затоа оваа година е помалку медоносна од претходните.“

За разлика од овој регион во Берово, пак, состојбата е поинаква, вели Ванчо Самарџиски.

„Оваа за разлика од двете претходни години е подобра. Кај нас во Берово. Светлиот мед е малку послаб, а темниот е многу добар.“

Претходните години беше актуелно форсирање на органско производство на медот, меѓутоа според Ристовски кој се уште е во подготвителен период од пет години, ова производство е потешко. Има многу изумирања на пчелните семејства поради специфичен третман на пчелите, поскапо е производството и затоа и кога имаме низок животен стандард луѓето не можат да купуваат скап мед и останати пчелни производи. Цената на медот пчеларите индивидуално ја одредуваат, додека кога се на саем производите се со договорена иста цена, како на саемот во Куманово, кога килограм мед беше 300 денари.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG