Достапни линкови

Нема мед ни за пчелите, а не пак за продажба


Пчеларите стравуваат дека во Македонија мед нема да има ни за лек, а не е исклучена можноста тоа да предизвика и покачување на цената на овој еколошки производ.

Здруженијата на пчелари се жалат дека врнежливото време им ја скарти испашата на пчелите, па инсектите немаат доволно храна да произведат мед. Пчеларите велат дека состојбата е алармантна на ниво на целата држава, а во пчеларниците нема доволно мед да се прихаранат пчелите, а не пак да остане нешто и за медарите.
Со колегите од цела Македонија сме во контакт во последните 10-12 дена и состојбата е многу лоша. Во некои делови е средно добра, но за добра не може да се говори. Но, има делови каде систуацијата е алармантна. Во некои пчелни семејства, Кумановско, Пробиштип и кај нас во Битолско во пчелното семејство има само 2 килограми мед, а треба минимум 15 до 20 килограми да има за пчелите, а и пчеларот да може да извади мед.
Менде Трајковски, Здружение на пчелари „Нектар„ од Битола.

„Со колегите од цела Македонија сме во контакт во последните 10-12 дена и состојбата е многу лоша. Во некои делови е средно добра, но за добра не може да се говори. Но, има делови каде систуацијата е алармантна. Во некои пчелни семејства, Кумановско, Пробиштип и кај нас во Битолско во пчелното семејство има само 2 килограми мед, а треба минимум 15 до 20 килограми да има за пчелите, а и пчеларот да може да извади мед“, вели Менде Трајковски претставник на здружението на пчелари „Нектар„ од Битола.

Ако продолжи ваквиот тренд пчеларите стравуваат дека во Македонија мед нема да има ни за лек, а не е исклучена можноста тоа да предизвика и покачување на цената на овој еколошки производ. За надминување на пчеларите пчеларите ги прихрануваат си сируп, за разлика од европските земји каде им се даваат храна од прости шеќери.

Пчеларите ја повикуваат научната јавност во Македонија заедно да одржат симпозиум за тоа какви мерки да се преземат за заштита македонското пчеларство. Трајковски вели „ние во оваа ситуација сега и во однос на намалувањето на пчелните семејства последните години од разно разни причини сакаме ситуацијата да ја подигнеме на едно многу повисоко, алармантно ниво. Ќе правиме напори да организираме научен симпозиум, да ги повикаме пчеларите, научните институции и министерствата да видиме во кој правец се движи пчеларството во Маккедонија, каде е иднината. Ако ги нема пчелите, не дај боже за четири години ќе го нема и растителниот свет.

Според анализите на пчеларите, веќе неколку години состојбите во македонското пчеларство се загрижувачки. Минатата пролет во Битолско и делови на источна Македонија беше забелележан промор дури до 80 проценти кај пчелните семејства од болеста ноземоза. Уште не надминати тие последици, пчеларството трпи нови штети. Во земјите од соседството истражувањата покажуваат дека пестицидите, болестите, паразитите и променливото време се главните причини за изумирање на пчелите и за намалувањето на количините произведен мед.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG