Достапни линкови

За свеста на идните академски граѓани


Никола Крстевски, средношколец.
Никола Крстевски, средношколец.

За да изградите свест кај учениците дека имаат потполно право на свој став и право на глас во општеството, потребно е тоа да им го илустрирате. Меѓутоа, во поголемиот дел од средните училишта, ученичките претседателства не постојат веќе со години, па и таму каде што постојат, имаат една маргинална позиција и не претставуваат никаков фактор во донесување одлуки, пишува средношколецот Никола Крстевски.

Една од основните функции на образованието е да создаде критична мисла, да создаде цврсти и втемелени ставови и да го воздигне нивото на свест кај личноста на што повисоко ниво - и цела плејада на слични доктрини изучивме во нашите учебници во текот на целиот образовен процес.

Менталитетот некој друг да одлучува за тебе, без никаква потреба да учествуваш во одлуките кои директно те засегаат претставуваат огромна кочница за целото движење.

Годинава имавме прилика да гледаме еден прекрасен пејзаж. Млади, креативни, енергични ентузијасти, сложни, интелектуални и достојни во своите барања. Непоколебливо чекорат во својата борба, со единствена мисла во главата. Дека ќе го подобрат образованието и ќе станат дел од еден многу попродуктивен и динамичен систем. Меѓутоа, доколку имате прилика да погледнете зад кулисите, како и секогаш, ќе ја видите онаа другата страна и ќе ви се пристори како целиот тој пејзаж да лежи на многу нестабилна подлога и доволен ќе биде само еден погрешен чекор, за целата таа возвишена глетка да се распадне како кула од карти.

Како активен член на Средношколскиот пленум, мене и моите пленумски другари нè гледам како уморни, изнемоштени, испотени и жедни двигатели, кои со последните сили го туркаме тој караван, тежок исто колку и рамнодушноста на илјадниците наши соученици. Со капка надеж и огромна желба дека ќе се приклучат и дека караванот ќе заглоготи по патот со огромна брзина и веќе никогаш нема да застане.

Дури и во редовите на Средношколскиот пленум се чувствува ниското ниво на свест кај учениците. Менталитетот некој друг да одлучува за тебе, без никаква потреба да учествуваш во одлуките кои директно те засегаат претставуваат огромна кочница за целото движење. Што во некои моменти се чини дека може да биде дури и фатално за движењето.

Но, кој тоа требаше да ги научи учениците на свест и самоорганизирање?! Еве и средношколците и студентите организираа неформални организации, пленуми. Би рекол, како одговор на нецелосно завршена работа на училишните раководства. Чија што задача, помеѓу другото е да организираат ученички заедници, кои што ќе го презентираат ставот на учениците во училиштето и во целокупното образование. За да изградите свест кај учениците дека имаат потполно право на свој став и право на глас во општеството, потребно е тоа да им го илустрирате. Меѓутоа, во поголемиот дел од средните училишта, ученичките претседателства не постојат веќе со години, па и таму каде што постојат, имаат една маргинална позиција и не претставуваат никаков фактор во донесување одлуки.

За да изградите свест кај учениците дека имаат потполно право на свој став и право на глас во општеството, потребно е тоа да им го илустрирате. Меѓутоа, во поголемиот дел од средните училишта, ученичките претседателства не постојат веќе со години, па и таму каде што постојат, имаат една маргинална позиција и не претставуваат никаков фактор во донесување одлуки.

Какви пратеници, министри, градоначалници и воопшто целокупна бирократија, какви пред сè граѓани очекувате од генерациите кои сега се во училишните клупи? Кога кај нас, воопшто не е развиена свеста за колективното, за демократско носење на одлуки, системско спроведување на одлуките и сето она што се нарекува политика (политика не е само меѓупартиски дијалог).

Нагласувам дека во сите современи и развиени земји, ученичките заедници во склоп на самите училишта се приоритет без кој неможе да се замисли едно училиште. Тие уживаат потполно право на глас при секоја промена како на ниво на училиште така и на ниво на целокупниот образовен систем.

Многу од учениците се свесни за проблемите на образованието, меѓутоа се неактивни бидејќи се водат според максимата: „Ќе завршам школо и ќе бегам во странство“. Меѓутоа бегањето од проблеми не е решение. На овие мои врсници би сакал да им порачам: Татковината е прво нешто од што ќе се откажете во моментот кога ќе се отселите. Но понатаму, верувам дека животот ќе ве воведе во искушение да се откажете од многу нешта. А која е смислата на животот доколку се откажеме од сè што е наше и сè што ни е драго.

Апелирам до сите ученици, да бидат одговорни пред сè кон себе, а потоа и пред целата генерација. Да го кажат и да се залагаат за своето мислење. Затоа што тоа е сечие право. Да покажеме дека имаме капацитет да организираме активно ученичко тело, коешто ќе го афирмира ученикот во општеството. Кога веќе тоа не го направија надлежните „авторитети“, кои веќе одамна ги надминавме во начинот на размислување. Заедно сме посилни.

XS
SM
MD
LG