Достапни линкови

До повисоки плати само со повеќе работни места


Опозицијата предлага да се зголеми минималната плата на 11 илјади денари, власта негодува. Зголемување на платите може да очекуваме само ако има зголемување на вработеноста, велат економистите.

Опозицијата бара поголема минимална плата што ќе важи за сите подеднакво. Власта вели дека тоа е маркетиншки трик на опозицијата, а луѓето кои зeмаат мали плати, велат дека едвај преживуваат.

Плата од 7-8.000 или 10 илјади малку е за едно семејство, ретки се тие семејства во кои двајцата се на работа. Што би можел да правам на пример јас со палта од 10 -12 илјди, а имам деца, имам обврски, таа плата ќе се стопи.
Анкетиран граѓанин.

„Плата од 7-8.000 или 10 илјади малку е за едно семејство, ретки се тие семејства во кои двајцата се на работа. Што би можел да правам на пример јас со палта од 10 -12 илјади, а имам деца, имам обврски, таа плата ќе се стопи.“

„Работам, но што земам 7-8.000 плата, едвај крпиме. Дали за вода, дали за струја, дали за јадење, толку е. Маж ми и тој работи за 8.000. Требаат пари, фалат, најмалку човек да има 12 илјади, па да истера крај со крај, ептен пак мизерно“, велат анкетирани граѓани.

Професор Зоран Ивановски вели дека зголемување на платите може да очекуваме само ако има зголемување на вработеноста, односно кога ќе се создаде рамнотежа меѓу понудата и побарувачката на работна сила.

Инвестирањето подразбира и отворање на нови работни места и намалувањето на оној дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на работната сила. Во тој процес е можно понатаму да се очекува и корекција и пораст на платите.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

„Оваа ситуација не може да се промени преку ноќ, потребно е време и нормално поголеми инвестиции во Република Македонија и тоа, би потенцирал, пред сè во бизнис секторот, затоа што приватниот сектор треба да биде водечка локомотива во развојто на националната економија. Инвестирањето подразбира и отворање на нови работни места и намалувањето на оној дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на работната сила. Во тој процес е можно понатаму да се очекува и корекција и пораст на платите.“

По барање на опозицијата Собранието го разгледува предлогот да се зголеми минималната плата на 11 илјади денари. Тие бараат износот да важи за сите вработени во текстилната и кожарската индустрија. Според опозицијата за да не дојде до отпуштање на работници, треба да се воведе и финансиска помош за фирмите.

Опозицијата во предлогот доставен до Собранието потсетува дека во делови на текстилната и на кожарската индустрија не важи сегашната минимална плата од 9.590 денари. Според Државниот завод за статистика овие три оддели имаат 50.209 вработени. За нив уште кога за првпат се воведе Законот за минимална плата се предвидуваше усогласување за период од три години (односно во периодот од 2012 до 2014 година), а во 2014 година тоа усогласување се продолжи се до 2018 година. Во овие оддели каде работат работниците со најниски плати и каде минималната плата е најпотребна висината на минималната плата во 2015 година изнесува 8.050 денари, а за 2016 година се предвидува 9000 денари, стои во предлогот на опозицијата.

Предлогот наиде на негодување од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која смета дека предлогот е за дневен политички маркетинг. Според ВМРО-ДПМНЕ усвојување на предлогот на СДСМ ќе значи дека уште утре најмалку 30.000 работници да бидат избркани од работа заради зголемените трошоци на фирмите.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека вредноста на Синдикалната минимална кошница зa јули 2015 година изнесува
32 183 денари.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG