Достапни линкови

Дивата Лејла Зои на Блуз и соул фестивал 2015


Лејла Зои.
Лејла Зои.

Македонскиот гитарист Дамир Пух со неговиот блуз проект, триото на Сакис Доволис од соседна Грција и пејачката Лејла Зои, канадската „Џенис Џоплин“, придружувана од составот на германскиот гитарист Хенрик Фреишландер, се учесниците на годинашниот, 19-тиот „Блуз и соул фестивал“ што е планирано да се одржи на 20 и 21 септември во скопскиот клуб „Сити-хол“. Ова е трето издание на манифестацијата по излегувањето од програмските загради на „Скопско лето“, а обете случувања што како организатор ги потпишува Дирекцијата за култура и уметност.

Фокусиран главно на оние кои допрва доаѓаат на светската сцена, на регионалните изблици и на ретките домашни пројави, скопскиот „Блуз и соул фестивал“, низ годиниве, успеа да се наметне како една од бележитите музички манифестации во овој дел од Европа. Случување чија сегашна репутација не е условена од материјалната стабилност, туку напротив – од ентузијазмот на вистинските поклоници и нивните релации со музичарите, нивните промотори, агенти.

Лејла Зои, пак, несомнено е големата ѕвезда на 19-от „Блуз и соул фестивал“. Пејачката чие вистинско презиме е Ставров и чии претци се од егејскиот дел на Македонија, критичарите поодамна ја именуваа како „канадската блуз миленичка“ притоа, поради специфичната боја на гласот и посебно сировиот емотивен сценски настап, споредувајќи ја со незаборавната Џенис Џоплин.

Од таму, и актуелното издание со Канаѓанката Лејла Зои како најзвучно име, гитаристот Сакис Доволис од Грција и нашиот Дамир Пух, кои на 20 и 21 септември, ќе имаат задача да го исполнат скопскиот клуб „Сити-хол“, се вклопува во ваквата организациска рамка на селекторот на програмата Васја Ивановски и Комисијата за култура и уметност.

Воведот, во недела навечер, се очекува да го стори Пух како еден од навистина талентираните инструменталисти со коишто изобилува македонската музичка сцена. Станува збор за гитарист кој е попознат во странство отколку дома, во прилог на ова говорат неговите успеси на натпревари како Six String Theory или Guitar Idol. На првиот, организиран од прочуениот џез волшебник Ли Ритенор (со извиканите Стив Лукатер од ТОТО, Џо Бонамаса и Брент Лејсон како членови на жирито) Пух освои едно прво и едно трето место во различни категории, а во Лондон, пак, беше еден од финалистите.

Нема сомнение дека по денес големата Ана Поповиќ, Шакура Саида или Дона Грентис, која сега свири гитара во придружниот состав на феноменот Принс, Лејла Зои е уште една силна жена која со право се стреми високо кон врвот.

Тој подолго време го подготвува својот деби албум, а актуелниот „Блуз и соул фестивал“ е идеална можност да го претстави својот блуз проект кој настануваше паралелно со студискиот „Bondi Blue“.

Веднаш по него следува настапот на триото на Сакис Доволис, еден од „најнадежните гитаристи на европската блуз сцена“ и човекот кој своето пребирање по жиците го темели на искуствата на легендарниот Стив Реј Вон и енергијата што ја распостилаат претставниците на новата генерација како Бонасама, Ричи Коцен или Филип Сајс.

Сцената ја делел со големиот Луизијана Ред, со неговите сонародници и браќа по инструмент Елиас Заикос и Ник Доуноусис (обајцата неколкупати сме ги виделе на Фестивалот), а во Скопје доаѓа да го промовира материјалот од неговата прва дискографска објава.

Лејла Зои, пак, несомнено е големата ѕвезда на 19-от „Блуз и соул фестивал“. Пејачката чие вистинско презиме е Ставров и чии претци се од егејскиот дел на Македонија, критичарите поодамна ја именуваа како „канадската блуз миленичка“ притоа, поради специфичната боја на гласот и посебно сировиот емотивен сценски настап, споредувајќи ја со незаборавната Џенис Џоплин.

Инаку, родена во доцните 1970-ти, во Британска Колумбија, својот прв професионален настап го имала на 14-годишна возраст придружувана од бендот на својот татко. Со седум албуми зад себе (дела како „You Will“, „Shades of Blue“, „Hoockie Coockie Woman“, „The Firegirl“ и актуелниот „Live at Spirit of 66“) и свирки по клубовите на сите раскрсници во родната Канада и во САД, патем и делејќи ја сцената со ѕвезди како Џеф Хили, Сузан Тедешки и Сони Ландрет, Бади Гај, Д-р Џон, Кеб Мо,Лејла изгради репутација на „една од највредните жени на светската блуз сцена“.

По победата на еден блуз фестивал во Финска во 2006 година го започна и походот на Европа, притоа наоѓајќи во германскиот гитарист Хенрик Фреишландер идеален соработник и човек кој, не само што ќе ја придружува по патот туку и продуцирајќи ги нејзините албуми, „Sleep Little Girl“ во 2011 и „The Lily“ две години подоцна, ќе ја доведе во редот на конкурентите за награда за „најдобар блуз албум за 2014“ на магазинот Даунбит.

Нема сомнение дека по денес големата Ана Поповиќ, Шакура Саида или Дона Грентис, која сега свири гитара во придружниот состав на феноменот Принс, Лејла Зои е уште една силна жена која со право се стреми високо кон врвот. Впрочем, несомнено и нејзиниот настап во понеделник ноќта, ќе биде преубава можност да се увериме во нејзините оправдани намери.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG