Достапни линкови

Тетовци со години без јавен превоз


Општинското превозно претпријатие кое функционираше до 2011 година е во стечај. Во 2014 градските власти решија да се формира ново претпријатие, но тоа сè уште не работи.

Поради немањето јавен превоз, голем дел од жителите на Тетово се принудени да користат возила па дополнително едни на други граѓаните си го отежнуваат живеењето во градот со оглед дека се создава постојан сообраќаен метеж што значително придонесува и за загадувањето на воздухот. Општинското превозно претпријатие кое функционираше до 2011 година е во стечај. Во 2014 градските власти решија да се формира ново претпријатие, но тоа сè уште не работи.

Советот на Општина Тетово, на седница одржана на 18 ноември 2014 година, донесе одлука за основање на јавно претпријатие за јавен превоз. Се работи на тоа како ќе се регистрира фирмата. Откако ќе завршат припремните работи, тогаш ќе се обезбедат автобусите или комбиња.
Хусеин Демири, раководител на секторот за сообраќај во Општина Тетово.

„Советот на Општина Тетово, на седница одржана на 18 ноември 2014 година, донесе одлука за основање на јавно претпријатие за јавен превоз. Се работи на тоа како ќе се регистрира фирмата. Откако ќе завршат припремните работи, тогаш ќе се обезбедат автобусите или комбиња“, вели Хусеин Демири, раководител на општинскиот сектор за сообраќај.

Професорот по инфраструктура Вулнет Палоши објаснува дека огромниот број возила и неповолната инфраструктура ќе бидат причина постојано во текот на годината во Тетово да има сообраќаен метеж, па затоа е потребно воведување на јавниот превоз како едно од решенијата.

И тука општинската администрација не може само декларативно да каже, ќе направиме. Две години поминаа истите зборови ги слушаме. Ни една промена не видовме. Затоа треба да реагира и ова што се случува во Тетово.
Вулнет Палоши, универзитетски професор.

„Тетово не може да измисли нешто што не функционира во свет. Во свет вакви проблеми сообраќајни експертите ги решаваат на еден или друг начин. Најбезбеден и најефикасен начин е тој јавен транспорт. И луѓето кои доаѓаат во град за свои потреби, административни или трговски, ќе го користат јавниот превоз“, вели професорот.

Палоши вели дека нема да се смени ситуацијата во која дневно кон градот гравитираат десетици илјади граѓани од селата, па затоа општината треба да ја смени состојбата со повеќе сообраќајни решенија.

„И тука општинската администрација не може само декларативно да каже, ќе направиме. Две години поминаа истите зборови ги слушаме. Ни една промена не видовме. Затоа треба да реагира и ова што се случува во Тетово, сега еве со доаѓање на периодот на школска година, студентска година. Од ден на ден секој ден сме сè повеќе позакрчени и позакрчени“, потенцира Палоши.

Покрај јавниот превоз во Тетово со години се очекува пробивање на булеварот Благоја Тоска како едно од подолгорочните решенија за подобрување на состојбите во сообраќајот, како и воведување на зонско паркирање.

XS
SM
MD
LG