Достапни линкови

Снегот се стопи, останаа дупките на улиците


Снегот на тетовските улици целосно се стопи, ама после него останаа големи дупки и пукнатини по асфалтот. Најголеми оштетувања претрпеа булеварите „Видео Смилевски Бато“ и „Благоја Тоска“.

По топењето на снегот во Тетово на неколку булевари и улици се појавија голем број дупки и пукнатите на асфалтот Најголеми оштетувања на коловозните ленти има на булеварите „Видео Смилевски Бато“ познат како „Индустриска улица“ и „Благоја Тоска“. Во анкета, возачите велат дека се загрижени од евентуални оштетувања на автомобилите, а пешаците тврдат дека и за нив дупките се проблематични при преминување на улиците.

Замрзнувањето прави проблеми посебно на овие асфалтираните улици. Веројатно некој ќе се сети да ги пополни. Ми пречат сигурно, кога возам, кога одам. И кога одам кога ги гледам не ми е баш пријатно да гледам дупки.
Анкетиран граѓанин.

„Замрзнувањето прави проблеми посебно на овие асфалтираните улици. Веројатно некој ќе се сети да ги пополни. Ми пречат сигурно, кога возам, кога одам. И кога одам кога ги гледам не ми е баш пријатно да гледам дупки.“

„Пречи многу. Јас минувам таму често, ама што да правиме, таков ни е системот, државата.“

„Сметаат, многу сметаат дупките. И за пешаците и за возилата да речеме.“

Во општинскиот сектор за сообраќај и патишта информираа дека на пролет ќе се санираат оштетувањата на булеварите и улиците. Според раководителот Хусеин Демири, тоа се случува секоја година кога има нешто повеќе снег и мраз.

Ова е нормална појава на ударните дупки после зимата, после ниските температури. Санирањето на ударните дупки почнува со поправањето на времето. Има свое време кога може да се санира со асфалт поради температурите.
Хусеин Демири, раководител на Сектор за сообраќај и патишта во Тетово.

„Ова е нормална појава на ударните дупки после зимата, после ниските температури. Санирањето на ударните дупки почнува со поправањето на времето. Има свое време кога може да се санира со асфалт поради температурите“, вели Хусеин Демири.

Геолошкиот инженер Усеин Багашов, објаснува дека доколку се поставува квалитетен асфалт нема да доаѓа до пукнатини на истиот за да потоа со топење на снегот се шират ударните дупки.

„Водата кога навлегува во тие пукнатини со ниските температури, таа мрзне. Со самото мрзнење доаѓа до ширење и до продлабочување и создавање на тие ударни дупки. Ако некаде имаме убава коловозна конструкција каде нема пукнатини тие не се појавуваат. А секаде каде има неминовно е да се појави. Површината испукува со експлоатација на коловозот со тек на време“, вели Багашов.

Тетовските улици беа под снег и мраз во текот на јануари. На два пати наврна поголема снежна покривка, а со недели траеше остранувањето на снегот од коловозните ленти.

XS
SM
MD
LG