Достапни линкови

Политички препукувања во Дебарца


Селото Слатино и Слатинско Езеро во општина Дебарца.
Селото Слатино и Слатинско Езеро во општина Дебарца.

Новиот градоначалник на Дебарца, Игор Трајковски рече дека направил многу работи кои претходната локална власт на СДСМ не ги направила. СДСМ, пак, обвини дека Трајковски само ги довршил проектите на неговиот претходник.

Новиот градоначалник на една од најголемите по територија општини во Македонија, Дебарца, Игор Трајковски рече дека направил многу работи кои претходната локална власт предводена од СДСМ не ги направила. Трајковски во својот неодамнешен отчет за работењето во првите сто дена кажа дека
направил драстични измени во работењето на општината и воспоставил подобра комуникација со граѓаните.
Голем императив претставува и средба со најмалите од основните училишта на Дебарца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби реализиравме проект за изградба на ново монтажно училиште во село Волино во кое учениците ќе добијат најквалитетни услови за одржување на образовниот процес.
Игор Трајковски, градоначалник на Општина Дебарца.

„Голем императив претставува и средба со најмалите од основните училишта на Дебарца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби реализиравме проект за изградба на ново монтажно училиште во село Волино во кое учениците ќе добијат најквалитетни услови за одржување на образовниот процес“, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски рече дека покрај сè што направил за подобрување на патната инфраструктура, вети асфалтирање на локални улици во износ од шест милиони денари, поставување на водоводна канализација со ископ на 150-метарски канал, подобрување на водоснабдувањето во село Оровник и во останатите селски населби во општината.
Во своето турбо работење видовме само финиширање на неколку започнати проекти од неговиот претходник Којчиноски, проекти кои беа почнати или за кои беше аплицирано, а за некои беше завршена и тендерската постапка и обезбедени средства на општинската сметка. Асфалтирање и крпење на ударни дупки во населените места - дали беше случајно или не, што првата улица која се асфалтираше беше во селото Ботун, местото од каде потекнува градоначалникот и тоа баш улицата на која се наоѓа семејната куќа.
СДСМ.

„Локалната самоуправа отпочна со асфалтирање на улици во селото Ботун најавувајќи модернизација на патната инфраструктура и асфалтирање на локални улици во село Песочан, Лешани и други населени места во општина Дебарца. Нов асфалтен пат од село Сливово до спој со магистралниот пат Охрид - Кичево во должина од 2831 метар и вредност од 8.275.698 денари, средства добиени од Агенцијата за патишта на Република Македонија“, рече Трајковски.

Но од опозицискиот СДСМ, што 12 години во континуитет го имаше градоначалничкото место во Дебарца, обвинија дека Трајковски всушност само ги дозавршил проектите кои ги започнал неговиот претходник Којчиноски од СДСМ.

Од таму велат дека во отчетот спакуван во една фино изработена брошурка, платена со парите на граѓаните, немало ниту едно дело од оние кои биле ветени во предизборната кампања на Трајковски.

„Во своето турбо работење видовме само финиширање на неколку започнати проекти од неговиот претходник Којчиноски, проекти кои беа почнати или за кои беше аплицирано, а за некои беше завршена и тендерската постапка и обезбедени средства на општинската сметка. Асфалтирање и крпење на ударни дупки во населените места - дали беше случајно или не, што првата улица која се асфалтираше беше во селото Ботун, местото од каде потекнува градоначалникот и тоа баш улицата на која се наоѓа семејната куќа“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од таму велат дека вистинските дела на градоначалникот Трајковски во првите сто дена власт биле вработување на партиски кадри во општинската администрација.

„Општината која во изминатите години успешно функционираше со десетина вработени, само во еден месец доби уште толку вработени. Вработени се лица кои се без работно искуство, исклучиво по партиски, пријателски и роднински критериум. Ако европскиот просек изнесува еден вработен на 1000 жители, тогаш нашата општина со околу 5.000 жители и 20 вработени во општинската администрација може да се вброи во општини со најголема администрација“, велат од СДСМ.
XS
SM
MD
LG