Достапни линкови

Кавги за општинскиот буџет во Битола


Совет на Општина Битола. Градоначалникот Владимир Талески.
Совет на Општина Битола. Градоначалникот Владимир Талески.

Битолската опозиција обвинува дека општинскиот буџет се троши непродуктивно, а капиталните инвестиции се сведени на минимум. Од власта пак велат дека со средствата се задоволуваат потребите на граѓаните.

Трошењето на буџетот на општина Битола за минатата година ги скара советниците. Васко Ковачевски, координатор на советниците од опозицијата обвини „во изминатите години предлагавте предимензионирани буџети со многу проекти за капитални инвестиции, за подоцна со ребалансите и завршните сметки да покажете дека или сте ги избришале или свеле на минимум. На сметска на тие проекти, парите се пренаменуваат за непродуктивни трошоци кои не носат подобрување на стандардот на нашата општина.“
Тоа покажува дека тендерите кои ги добиваат во голема мера партиски фирми работите ги извршуваат со слаб квалитет на градежните материјали.
Васко Ковачевски, СДСМ - Битола.

Ставката за улици, патишта, канализација и водовод била реализирана само 50 проценти, велат од опозицијата.

„И улиците кои ги споменувавте и во видео презентацијата, дел реновиравте, ги асфалтиравте минатата година, дел се уште не се предадени во употреба. Истите почнуваат да бидат икопани и руинирани повторно со дупки. Тоа покажува дека тендерите кои ги добиваат во голема мера партиски фирми работите ги извршуваат со слаб квалитет на градежните материјали. Целосно или делумно биле поништени 71 тендер“, додава Ковачевски.
Васко Ковачевски, СДСМ - Битола.
Васко Ковачевски, СДСМ - Битола.

Во спорведувањето на буџетот не се забележани никакви финансиски дубиози.
Соња Карапашовска од ВМРО-ДПМНЕ, Битола.
Од владеачкото мнозинство велат дека во буџетот има зголемени приходи, а со средствата се задоволуваат потребите на граѓаните.

„Од сите ставки во расходниот дел се наменски потрошени, на пренамена на средствата, а во спорведувањето на буџетот не се забележани никакви финансиски дубиози“, вели советничката Соња Карапашовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови на 70 процентна реализација на буџетот од 2013 година, општината излезе во пресрет на граѓаните, реализира голем број на приоритетни проекти, пред се во асфалтирање на улици, поставување на водоводни и канализациони мрежи. Сведоци сме на инвестициите во рекоснтрукцијата на старскиот дом, изградбата на киното Манаки, поддршката што општината ја даде за спортот“, возврати Николче Јанкуловски од ПОДЕМ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG