Достапни линкови

Заев: Јанева ја има поминато програмата Фалконе во Сицилија


Лидерот на СДСМ Зоран Заев изрази задоволство од новиот закон за специјален обвинител и од новата обвинителка Катица Јанева, која има поминато обуки во странство.

Специјалниот обвинител има целосно автономно право тој да ги предлага и по број и како кандидати обвинителите, има целосно отворен буџет на располагање без какви било лимити и за кадровски и за технички персонал, но и за анализи, странски експертизи односно сè што е потребно во првите три месеци и тие ќе бидат репер за буџетот за 2016 година. Меѓу другото специјалниот обвинител има мандат од четири години со право на реизбор, вели во изјава за Радио Слободна Европа претседателот на СДСМ Зоран Заев. До законското решение дојде после маратонски преговори на работните групи со странските дипломати и во последен момент пред истекот на рокот денеска.

Се работи за обвинител кој нема никаква партиска припадност. Ја има поминато програмата Фалконе во Сицилија, што е многу значајно за борба против криминалот, едукатор е во програмата на новиот Кривичен законик, била на студиски патувања во САД околу практичната примена, едукатор е на одредени програми на Академијата за судии и обвинители.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Најмногу беше проблематично изнаоѓањето на законското решение. Јас сум повеќе од задоволен затоа што имаме закон што гарантира целосна автономија“, вели Заев.

Тој додава и дека е задоволен од договорот обвинителката од Гевгелија Катица Јанева да биде специјален обвинител. Тој додава дека таа била околу 13 години обвинител и пет години секретар на судот во Гевгелија.

Треба да биде врвен стручњак, добар познавач на правната проблематика, мора да поседува високи морални квалитети и не смее да потпаѓа под никакво влијание за да ја зачува важната институција непристрасност, одлучност и автономија во своето работење.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Се работи за обвинител кој нема никаква партиска припадност. Ја има поминато програмата Фалконе во Сицилија, што е многу значајно за борба против криминалот, едукатор е во програмата на новиот Кривичен законик, била на студиски патувања во САД околу практичната примена, едукатор е на одредени програми на Академијата за судии и обвинители. Според мене, ги исполнува начелно сите почетни услови да веруваме дека на ваков добар закон имаме независно и непристрасно доволно стручно решение кое очекувам пред сè да биде во полза на интересите на граѓаните на Република Македонија“, вели Заев.

Според професор Осман Кадриу, кој потсетува дека досега во дел од јавноста преовладуваше мислење дека специјалниот обвинител не треба да се бира од актуелните обвинители за тој да биде независен, потребна е целосна автономија, но државата треба да и осигура и лична безбедност со оглед на специфичноста на нејзината работа.

„Треба да биде врвен стручњак, добар познавач на правната проблематика, мора да поседува високи морални квалитети и не смее да потпаѓа под никакво влијание за да ја зачува важната институција непристрасност, одлучност и автономија во своето работење“, вели Кадриу.

Инаку, предлог-законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се очекува денеска да биде усвоен во Собранието по итна постапка.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG