Партиите тактизираат со изјавите за политичкиот договор и изборот на јавен обвинител пред истекот на рокот -15 септември, велат аналитичарите. Според нив декларативната заложба за спроведување на договорот е само за јавна употреба.
Завршницата при изборот на тој специјален обвинител со притисок од страна на меѓународниот фактор во тој некој период од плус 2-3, 4 дена ќе биде избран специјалниот јавен обвинител.Митко Гаџовски, политички аналитичар.
Политичкиот аналитичар Митко Гаџовски се сомнева дека до тој рок ќе се избере специјален обвинител.
„Од причина што пред да биде избран во претходна постапка во македонските судови на некој начин беа скратени ингеренциите по коишто би постапувал тој специјален обвинител, мислам дека тука би се кршеле копјата околу изборот и неговите ингеренции на новиот специјален обвинител, а 15-ти е многу краток период од денеска за тој да биде избран.“
Тој прогнозира дека изборот на специјалниот обвинител да се случи во деновите после истекот на крајниот рок, кога е најавено и доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан под чија капа и се случи потпишувањето на договорот.
Имаат тенденции да го избегнуваат почитувањето на договорот, бидејќи тој договор може да има сериозни импликации врз политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нели специјалниот обвинител ќе се занимава со случаите кои се споменуваат во „бомбите“ на опозицијата.Сефер Тахири, политички аналитичар.
„Завршницата при изборот на тој специјален обвинител со притисок од страна на меѓународниот фактор во тој некој период од плус 2-3, 4 дена ќе биде избран специјалниот јавен обвинител“, вели Гаџовски.
Политичкиот аналитичар Сефер Тахири вели дека политичките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ тактизира со спроведувањето на политичкиот договор, оти времето за избор на специјален обвинител истекува, а се уште има многу непознаници.
„Ние до денеска не ги знаеме, прво критериумите, не ја знаеме структурата на оваа институција, само знаме кои ќе бидат задачите и обврските на специјалниот обвинител“.
Тахири додава дека партиите на власт се обидуваат да покажуваа конструктивност и дека се за спроведување на договорот, но во пракса прават друго.
„Имаат тенденции да го избегнуваат почитувањето на договорот, бидејќи тој договор може да има сериозни импликации врз политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нели специјалниот обвинител ќе се занимава со случаите кои се споменуваат во „бомбите“ на опозицијата.“
Специјален обвинител ќе се избере во дадениот рок, согласни и премиерот и лидерот на опозициската СДСМ во своите празнични говори за 8 септември. Груевски вели дека договорот од Пржино треба дословно да се спроведе, а согласно на тоа и изборот на специјален јавен обвинител треба да се реализира онака како што е договорен, вели Груевски. Според него специјалниот јавен обвинител, треба да биде автономен и не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа. Претседателот на СДСМ вели дека со спроведувањето на договореното во Пржино земјата чекор по чекор ќе се враќа во нормала. И Заев вели дека специјален обвинител ќе се договори, без разлика, како што вели, колку и да е болно за политичките противници.