Образованието е столбот на ова општество, не е столбот на чешмата во Чешиново што ќе се пушти со сечење лента. Најдобро е одредени измени што ги барате да ги барате во предизборна година, тогаш сè ќе добиете, вели Владо Димовски, просветен работник и член на Наставничкиот пленум во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Какви измени очекувате од човек кој завршил вечерен факултет во Прилеп и магистрирал кога станал функционер.коментар од читател.
Весела Димитриевска, фан на нашата Фејсбук страница коментира: „Сигурно!“, а Љубомир Ацков, не толку оптимистички, постирал: „Какви измени очекувате од човек кој завршил вечерен факултет во Прилеп и магистрирал кога станал функционер.“
На стартот сме на новата учебна година, но нашиот прилог на тема состојбата на училиштата потсетува дека некои училишта се нови, но некои се без струја и вода. Дејан Донев искоментирал дека „Имаме споменици од 800 милиони евра“, а Идриз Исмаили кратко запишал: „Ех, моја чудесна Македонијо, со чудесни лопови“. „Прост народ силна држава - од крадење и лажење“ - постирала Виолета Аризанкоски.
Прост народ силна држава - од крадење и лажење.коментар од читател.
Нашиот прилог дека „Граѓаните се заглавени во долгови“ и дека на над 170 илјади лица им се блокирани сметките поради неплатени рати за кредит или сметки“, Трајче Филипов само кратко го коментирал со текст - асоцијација на познатата наша драма: „Парите се отепувачка“. А некој Димитар Петров ја почестува нашава редакција со пцовка и ни наоѓа забелешка како на „комуњарски портал“, како што напишал, дека на видеото не сме ги покажувале головите на Груевски на фудбалскиот натпревар ЕУ-Идната ЕУ, каде што премиерот даде два гола, очигледно губејќи предвид дека видеото не е во наша продукција. „По ова нека ви биде јасно, Грујо не знае за пораз“ - сепак напишал Димитар Петров.
Познавачите на економските состојби во земјава очекуваат задолжувањата на Владата кај домашните и странски кредитори во пресрет на изборите да станат почести и поголеми. Еден од Фејсбук фановите, Трајче Филипов, лаконски напишал: „Ќе искочи Грција 2“, а Шерко Сејдиноски коментира: „Бетер сме од Грците“.
Инаку, најгледани видео и фото материјали на нашата веб-страница се оние за случувањата со мигрантите на нашата јужна граница, пред десетина дена, кога границата за влез во Македонија од страна на Грција беше затворена со одлука на Владата, па по два дена пуштена.