Падот на стандардот и невработеноста допринесоа за сè поголемо доцнење за плаќање на долговите во банките. Сè повеќе луѓе немаат пари да си ги платат и комуналните сметки, па и сметките во банките им се блокирани.
Имам кредит за бизнис, заглавена сум, уште не сум го исплатила. Нема промет, сиромаштија е. Во мојот дуќан се продаваат италијански чевли, но луѓето купуваат кинески, бидејќи немаат пари. Секој ден живеам под притисок.анкетирана граѓанка.
Според најновите податоците што ги објави НБРМ, во јуни, бројот на блокирани сметки на граѓаните изнесува 172.339 сметки или за околу 2.330 повеќе од претходниот месец. Најчесто, блокирањето на сметките е поради неплатени рати за кредити, како и комунални долгови и радиодифузна такса.
Животот на луѓето кои живеат со долгови е полн со неизвесности. За ова зборува и искуството на една скопјанка која нема пари за исплата на месечните рати од кредитот со кој ја одржува во живот нејзината продавница за чевли што ја отворила уште пред 20 години.
Има блокирани сметки поради тоа што има луѓе што не може да платат и од друга страна луѓе кои стануваат многу имотни на ваков или таков начин. Си дозволуваат и кредит и сето тоа, а други луѓе се принудени да се задолжуваат кај банките за да може секојдневниот живот да го обезбедат на подобар начин.Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.
„Имам кредит за бизнис, заглавена сум, уште не сум го исплатила. Нема промет, сиромаштија е. Во мојот дуќан се продаваат италијански чевли, но луѓето купуваат кинески, бидејќи немаат пари. Секој ден живеам под притисок“, вели таа.
Граѓаните најмногу должат по основ на потрошувачки кредити, станбени кредити и кредитни картички. Задолженоста за потрошувачки кредити изнесува 850 милиони евра, за станбени кредити над 436 милиони евра, а долгот на граѓаните по основ на кредитни картички изнесува нешто повеќе од 200 милиони евра.
„Имаме уште еден станбен кредит кој за три години треба да го исплатиме и потрошувачки кредит за решавање на некои поголеми финансиски проблеми како свадба или одмор“, велат некои граѓани.
Во ова време кога сè повеќе луѓе се гушат под товарот на кредитите и минусот на сметките не е лошо да се потсетиме дека и државата сè повеќе се позајмува, велат некои граѓани. Тие ги критикуваат честите задолжувања на владата и оценуваат дека тоа ја прави неизвесна иднината на подолг рок.
„Државата ни е многу задолжена и допрва нашите деца треба да ги плаќаат тие кредити, така што допрва ќе се задолжуваме претпоставувам многу повеќе отколку сега“, вели анкетиран граѓанин.
Трендот на сè поголемо задолжување, како и доцнење во плаќањето на долговите, не ги изненадува ниту економистите кои го имаат предвид сè понискиот стандард, повисоките цени и ниските плати. Тоа е резултат и на сè поголемите разлики меѓу луѓето во општеството, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.
„Има блокирани сметки поради тоа што има луѓе што не може да платат и од друга страна луѓе кои стануваат многу имотни на ваков или таков начин. Си дозволуваат и кредит и сето тоа, а други луѓе се принудени да се задолжуваат кај банките за да може секојдневниот живот да го обезбедат на подобар начин“, вели таа.
Економистите повторуваат дека не гледаат решение на проблемот со сè поголемата задолженост на граѓаните доколку не се зајакне економскиот раст на поголем период.