Производителите на сирење во земјава се жалат на слабиот откуп и неорганизираниот пласман на нивните производи од страна на државата.
Пласманот ние си го обезбедуваме. Годишно произведуваме околу 2-3 тони сирење. Тешко е бидејќи сам си го бараш пласманот. Не доаѓаат откупци и да го кренат целото сирењето. Мораш да го продаваш и да даваш на рати за да продадеш. Многу е тешко за овчар. Но мора да се бориме.Биљана Димоска од село Злести во општина Дебарца.
Биљана Димоска од село Злести во Oпштина Дебарца вели дека и покрај субвенциите од страна на државата, неопходна е и помош во делот на сигурен пласман на домашните и странски пазари.
„Тоа ни е малку потешко. Тука имаме проблем. Уште пласманот да ни е среден мислам дека ќе биде во ред“, вели Димовска и додава дека пласман сами си обезбедуваат.
РСЕ: Државата не обезбедува пласман?
„Пласманот ние си го обезбедуваме. Годишно произведуваме околу 2-3 тони сирење. Тешко е бидејќи сам си го бараш пласманот. Не доаѓаат откупци и да го кренат целото сирењето. Мораш да го продаваш и да даваш на рати за да продадеш. Многу е тешко за овчар. Но мора да се бориме“, вели Димоска.
Сирењето 25 години држи иста цена, а репроматеријалите се поскапи. Се е поскапо и тешко може да се издржи една овца. Може од ова да раниме фамилија бидејки ни е фамилијарен бизнис.Скендер Аме, производител на сирење од Дебар.
Таа вели дека ова им е семеен бизнис и покрај тоа што било многу тешко во денешно време да се биде одгледувач на овци. Имаат 350 овци и 12 кози.
Скендер Аме е производител на сирење од Дебар. Располааат со 3.500 овци, но и тој вели сериозен проблем е слабата организираност и пласманот на домашното сирење во странство.
„Соработуваам со една организација од Италија и сме здружени со нив. Италијанците се воодушевени од нашиот квалитет. Јас моето сирење го брендирав како дебарско сирење. Од Албанија бараат сирење од нашиот крај. Но тие бараат и квалитет и квантитет меѓутоа квалитет имаме, но немаме доволно сирење. Она што е проблем е што не сме добро организирани и во држава и како одгледувачи и се уште стагнираме. Ние бараме бизнисот да го прошириме“, вели производителот на сирење Скендер Аме.
Дали државата ви помага во делот на пласман?
„Не ниту во делот на пласманот и со јагне не и со сирење“.
Аме како проблем ја посочува и цената на сирењето која според него е иста како и пред десет и повеќе години.
„Сирењето 25 години држи иста цена, а репроматеријалите се поскапи. Се е поскапо и тешко може да се издржи една овца. Може од ова да раниме фамилија бидејки ни е фамилијарен бизнис. Произведуваме традиционално сирење. Моите овци сега се во Галичник на Бистра и произведуваме Галичко сирење. Сега е многу потешко. Беше порано 10 марки еден килограм сирење, а сега не е ниту пет евра килограм“, вели Аме.
Во Охрид деновиве се одржа фестивал на вино и сирење каде домашни производители ги претставуваа своите производи.