Достапни линкови

Панорамското тркало сепак ќе се врти


Местото каде треба да се изгради Панорамското тркало во Скопје.
Местото каде треба да се изгради Панорамското тркало во Скопје.

Луѓето немаат основни услови за живот, а тие градат Панорамско тркало, велат запрашаните граѓани. Архитектите велат дека на главниот град не му е потребно веќе ништо од Скопје 2014.

Повеќето од граѓаните се против изградбата на панорамско тркало во Скопје, посебно во услови кога ни се случуваат поплави, како оние во Тетово, поради лошата инфраструктура. Со нив се согласуваат и архитектите. Изградбата на панорамското тркало кое ќе се наоѓа меѓу Камениот мост и една од галиите на реката Вардар започна неодамна.

Апсулутно е непотребно. Помалку од два километри оддалеченост од локацијата на Панормаското тркало најмалото невреме ќе предизвика најголеми штети, а од друга страна ни даваат нешто што е од друг свет и друга планета.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк велат дека таквите проекти се непотребни, особено во време на криза и кога луѓето немаат основни услови за живот.

„Не ни е потребно навистина и да нема поплави, особено на оваа криза.“

„Нема врска тоа со панормаското тркало. Убаво е што се гради. Треба да има пари и за едно и за друго“.

„Апсулутно е непотребно. Помалку од два километри оддалеченост од локацијата на панормаското тркало најмалото невреме ќе предизвика најголеми штети, а од друга страна ни даваат нешто што е од друг свет и друга планета.“

„Тоа го има во Лондон, а ние не сме Лондон, мислам дека нема потреба“, велат запрашаните граѓани.

Сигурно дека тие пари можат, треба и мора да се пренаменат за нешто што значи инфраструктура за нешто што значи развој на градовите. Не само на Скопје, туку и на цела Македонија.
Соња Раѓеновиќ Јовановиќ, Претседателка на Асоцијацијата на архитекти.

Претседателката на Асоцијацијата на архитекти Соња Раѓеновиќ Јовановиќ вели дека на Скопје повеќе не му е потребно ништо што е дел од проектот Скопје 2014. Според неа, парите кои се предвидени за тркалото треба да се пренаменат.

„Сигурно дека тие пари можат, треба и мора да се пренаменат за нешто што значи инфраструктура за нешто што значи развој на градовите. Не само на Скопје, туку и на цела Македонија. Поплавата ни е прв пример, а јас мислам дека допрва ќе ни се случуваат такви работи“, вели Раѓеновиќ Јовановиќ.

И граѓаните велат дека парите треба да се искористат за други проекти кои му се навистина потребни на градот и на земјата.

„Потреба е инфраструктура и потребни се најосновни за живот. сите населби се неуредени и без план“.

„Би требало да се погрижат за некои побитни работи, како што ова што се случи во Тетово. Панормаското тркало е нешто плус“.

„Прво во економијата да се подобри стандардот на луѓето. Платите и пензиите да се зголемат.“

„Луѓето пари немаат, значи да се инвестира во луѓето, не во глупости“, велат анкетираните граѓани.

Раѓеновиќ Јовановиќ додава дека сето ова се случува бидејќи во власта нема стручни луѓе и никој од нив не седнал сериозно да направи анализа што треба да биде приоритет и што му е неопходно на градот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG