Плажите во Охрид и Струга деновиве се преополни со луѓе, кои спасот од топлото време и високите температури го бараат токму покрај Охридското Езеро. Температурата на вода е идеална за капење и според некои мерења изнесува 26 степени целзиусови. Плажите кои се наоѓаат во близина на центарот на Охрид, како што се Сараиште и Потпеш, се исполнети со домашни и странски гости, но не мал е бројот и на охриѓани. Туристка од Скопје ни рече дека 28 години по ред доаѓа во Охрид и најчесто оди на Сараиште.
Од Нови Сад сум и 26 години сум тука. Јазикот исто така го научив, иако не сум Македонец, но зборувам македонски. Редовно секоја година доаѓаме од 1986 година. Убава е водата, убаво е местото, климата е одлична.Турист од Нови Сад, Србија.
„Преубава е водата. Тука сум 28-мо лето, а по два месеци од како сум пензионер. Ова е идеално место. Овде е преубаво и нема од ова поубаво. што друго да барам? Само да знаеме да го чуваме.
Еден турист од Србија вели дека 26 години доаѓа во Охрид
„Од Нови Сад сум и 26 години сум тука. Јазикот исто така го научив, иако не сум Македонец, но зборувам македонски. Редовно секоја година доаѓаме од 1986 година. Убава е водата, убаво е местото, климата е одлична. Тука се спие како новороденче. Остануваме до август, најмалку петнаесет дена, а минатата година останавме еден месец. Покрај вода е поубаво кога е жешко, влегуваш во вода и готово, рече еден гостин од Нови Сад.
И Охриѓани спасот од горештините го бараат покрај езерото.
„Ние сме од Охрид. Ние одиме на плажа во 9 часот. Поручек на работа сме и од сабајле доаѓаме. Го користиме секој слободен момент за на плажа“, вели една жителка на Охрид.
Туристичките работници од Охрид и Струга велат дека сезоната доправа доаѓа. Се надеваат дека на одлично време во периодот кој престои.
„Очекуваме да има подобра фрекфенција на туристи. Спремни сме за тоа. Исто така подготвен е и градот. Очекуваме да има доста туристи. Мислам дека во нашиот град цените се поевтини, услугата е подобра. Плажите се добри, има добар песок, има чиста вода“, рече Маир Мифтари концеисонер на плажа во Струга.