Достапни линкови

САД и Куба и официјално со дипломатски односи


САД и Куба и официјално со дипломатски односи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

САД и Куба и официјално со дипломатски односи

Соединетите Држави и Куба со денешното официјално отворање на нивните амбасади во Вашингтон и во Хавана му ставија крај на прекинот на дипломатските односи кој траеше 54 години. По денешната церемонија на подигање на знамето на Куба на амбасадата во Вашингтон иста церемонија во август ќе се одржи и во Хавана.

Соединетите Држави и Куба со денешното официјално обновување на дипломатските односи кои беа во прекин над педесет години влегоа во нова ера на меѓусебни односи по крајот на Студената војна.

Повторното отворање на амбасадите во Вашингтон и во Хавана претставува пресвртница во историското затоплување што почна со неочекуваните изјави на претседателите на двете земји Барак Обама и Раул Кастро на 17 декември минатата година.

Денешниот настан во Вашингтон е главно симболичен, но има и значајна важност со оглед на тоа што за прв пат од Кубанската револуција во 1959 година во Соединетите држави ќе престојува еден министер за надворешни работи на Куба.

Денешното отворање на американската амбасада во Хавана нема да биде проследено со церемонија на подигање на знамето. Таа е најавена за идниот месец.

Процесот на нормализација би можело да биде забавен од долготрајните недоразбирања, вклучувајќи ги и оние за почитувањето на човековите права на Куба, како и од желбата на властите во Хавана да ги држат под цврста контрола општествените движења и државна економија.

„Сакаме државниот секретар Џон Кери да биде и на овој значаен настан“, соопшти Стејт департментот.

Разликите меѓу Соединетите Држави и комунистичката островска земја остануваат и се очекува напорите за целосна нормализација на нивните односи да се одвива бавно.

Денешното повторно отворање на амбасадите е кулминација на над две годишните преговори меѓу двете влади.

Шефовите на дипломатиите Џон Кери и Бруно Родригез во април се сретнаа на Американскиот самит во Панама, каде што исто така претседателите Обама и Кастро имаа средба.

За некои експерти ваквиот пресврт во односите со Куба претставува голем успех за Обама.

Отворањето на амбасадите ќе биде само ново поглавие во односите, бидејќи ќе придонесе за олеснување на контактите меѓу двете влади кои беа запрени откако Соединетите Држави ги прекинаа врските со Куба во 1961 година.

Американската мисија во Хавана ќе им биде од голема помош на компаниите заинтересирани да инвестираат во Куба, но и да го поттикне патот за зголемување на бројот на американски граѓани кои сакаат да ја посетат оваа земја. Овие посети засега остануваат строго контролирани и ограничени.

Процесот на нормализација би можело да биде забавен од долготрајните недоразбирања, вклучувајќи ги и оние за почитувањето на човековите права на Куба, како и од желбата на властите во Хавана да ги држат под цврста контрола општествените движења и државна економија.

Американското економското ембарго врз Куба ќе остане на сила, а него може да го повлече само Конгресот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG