Достапни линкови

Македонскиот тутун е еден од најквалитетните во регионот


Архивска фотографија - Тутунопроизводители од прилепското село Дебреште.
Архивска фотографија - Тутунопроизводители од прилепското село Дебреште.

Учесниците на меѓународната манифестација за дегустација на тутун и тутунски преработки, велат дека македонскиот тутун е дел од напознатите тутунски брендови во светот, а тоа говори за неговиот квалитет.

Македонскиот тутун е еден од најквалитетните во регионот, па и пошироко, сметаат дел од учесниците на меѓународната манифестација за дегустација на тутун и тутунски преработки, која се одржуваше во Охрид. Во рамките на манифестацијата се вршеше дегустација на квалитетот на тутунот и тутунските производи.

Тој е еден од најубавите, еден од најпризнаените, не само од нас, бидејќи сме субјективни. Со самиот факт дека нашиот тутун нашол место во најпризнатите и најпознатите тутунски брендови на планетата, самото говори за неговиот квалитет.
Милорад Китаноски, член на организациониот одбор на интернационалната тестинг асоцијација.

„Тој е еден од најубавите, еден од најпризнаените, не само од нас, бидејќи сме субјективни. Со самиот факт дека нашиот тутун нашол место во најпризнатите и најпознатите тутунски брендови на планетата, самото говори за неговиот квалитет. Македонскиот тутун ќе си остане македонски тутун и неговиот квалитет ќе биде голем“, вели Милорад Китаноски, член на организациониот одбор на интернационалната тестинг асоцијација.

Тој се надева на квалитетен тутун оваа година.

„Се надеваме дека тутуните ќе бидат во истиот квалитет и со иста количина. Тие тутуни кои ги имаме скоро сите се наменети за извоз. Доволно има и за домашното производство, но повеќето од нив се за извоз. И продаваме македонски тутуни да се става во странските цигари. Нема држава каде не се извезува македонскиот тутун. Сите релевантни производители на тутунски производи го користат нашиот тутун“, вели Китаноски.

Целта на овој собир, меѓу другото, беше и да ги обедини тутуно-производителите од регионот.

„Нашиот е еден од најквалитетните во светот. Нашите сорти на тутун што се произведуваат ретко каде на друго место се произведуваат. Нашиот е еден од најдобрите, меѓутоа ќе ви кажам едно старинско правило дека нашиот тутиужн го користат како зачин. Скап е за производство, сортите се такви кои се ориентални и полуориентални кои не дават голем принос, а на производителот не му се исплаќа многу“, вели Војо Попоски, претседател на централна комисија на дегустација.

XS
SM
MD
LG