„Македонија пекол за мигрантите”, „Мигрантите како во притвор” - ова се некои од насловите изработени во нашата редакција што ја изразуваат стварноста за овие луѓе кои се потегнале од незнамкаде, со мали деца, со бебиња, само по корка леб и по достоинствен живот.
Ако воопшто сте народ, ако не можете да им помогнете на овие луѓе, не ги малтретирајте... Дали сте свесни за последиците?Коментар на читатели.
А Хамбург од Хамбург коментирал дека во светот не постои држава со повеќе цркви, манастири и џамии и дека секоја втора недела се слават некои божји празници. „Поради што се слават тие празници? Да му нагодите на Бога или во МК тоа е модерно? ...Ако воопшто сте народ, ако не можете да им помогнете на овие луѓе, не ги малтретирајте... Дали сте свесни за последиците?” - напишал покрај другото Хамбург.
Што е точно: дека „Македонија вработува”, како што гласи владината програма или дека во земјава има еден куп невработени. Незабеган искоментирал: „Четвртина население се исели, а они се радуваат на намалување на невработеноста (според нив) на 27,3% Сакаат да кажат: Партијата вработува! Оставки!!!” - извикува Незабеган.
Четвртина население се исели, а они се радуваат на намалување на невработеноста (според нив) на 27,3% Сакаат да кажат: Партијата вработува! Оставки!!!Коментар на читател.
Истиот наш слушател оставил коментар и зад прилогот „Нема работа ако не се покоруваш на партија”. Кратко и јасно, инспириран од Шекспировиот „Хамлет“ напишал: „Работа или партија? - прашањето е сега во трулата груевистичка држава!”.
Опсежната саботна анализа под наслов „Отворени прашања со сите соседи” на колешката Фросина Димеска изработена во консултација со факти и со политички аналитичари, едните независни, другите од двете партиски провиниенции, повторно не му се бендисува на Миле од Охрид. Тој, имено, смета дека со анализата продолжува практиката да се оцрни Македонија на секој начин што било очекувана уредувачка политика на РСЕ и Пиле. МК Обсервер смета дека отворените прашања со соседите се само заради тоа КОИ СМЕ, а не зашто сме им направиле или што сме им зеле на тие соседи. „Туку”, додава МК Обсервер, „ние друг проблем имаме сега. Тој не е врзан со соседите и со „странските служби“. Да си го решиме него првин!”
За Сани од Врапчиште, пак, не биле потребни да се прават толкави длабоки анализи. „На граѓаните им е важно да им се зголеми животниот стандард... и да ни се даде надеж дека во иднина ќе може да се живее во оваа држава корумпирана од сите страни, со развалкани институции и збогатени само дел од политичарите и нивните најблиски” - напишал Сани од Врапчиште.