Достапни линкови

Образованието заглавено во проблеми


Студентскиот пленум се повлече од работните групи за нов Закон за високо образование, а средношколците го прекинаа бојкотот поради немање комуникација со Министерството за образование и наука.

Во деновите кога се одбележува празникот на сесловенските просветителите 24 Мај, во образованието има проблеми за прашања во високото образование каде новиот закон веќе се подготвува, а Студентскиот пленум не е вклучен во тоа. Со предизвици се соочуваат и средношколците. Тие го прекинаа бојкотот бидејќи останаа без пристап до надлежните во Министерството за образование, а еден од главните проблеми во преговорите со Министерството е екстерното тестирање.

Тука студентите ја увидоа главната причина за напуштање на преговорите, поради тоа што Министерството за образование не покажа добра волја, ниту пак кооперативен однос со сите засегнати страни да напише нов закон за високо образование.
Ивана Туфегџиќ, Студентски пленум.

Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум вели дека ја напуштиле работната група која соработува со МОН бидејќи Министерството го одолговлекувало процесот на пишување на концептот на законот. Концептот требаше да биде завршен пред два месеци, но тоа не се случи коментира Туфегџиќ.

Работна средба за нов закон за високо образовани, февруари 2015.
Работна средба за нов закон за високо образовани, февруари 2015.

„Тука студентите ја увидоа главната причина за напуштање на преговорите, поради тоа што Министерството за образование не покажа добра волја, ниту пак кооперативен однос со сите засегнати страни да напише нов закон за високо образование“, вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

Дополнително на тоа, се случија протестите на 5 мај за убиството на Мартин Нешкоски, а истата вечер се случи упад на полицијата во читалната на библиотеката и двајца членови на Студентскиот пленум беа приведени од тие протести. Според Пленумот, ова укажува дека владата нема слух за нивните барања, и тоа се неколку причини поради кои Пленумот ги напушти сите преговори со владата.

Ситуацијата во земјата моментално е малку нестабилна и затоа некако како да сме во пауза иако се уште си стоиме на нашите барања.
Илчо Ацевски, Наставнички пленум.

„Сегашните барања на Студентскиот пленум се демократизација на општеството, стоп за политики зад затворени врати како што беше досега, промена на изборен модел сè со цел департизација на општеството и на институциите“, вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

Еден месец на настава не беа и средношколците, но тие го прекинаа бојкотот бидејќи на неколку недели пред матурата продолжи игнорантскиот однос на Министерството за образование.

Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум вели дека тие остануваат на нивните барања екстерното тестирање да се користи само за детектирање на недостатоците во образовниот процес, но нагласува дека преговорите со МОН сега се во несигурна фаза и поради политичката ситуација во земјата.

„Ситуацијата во земјата моментално е малку нестабилна и затоа некако како да сме во пауза иако се уште си стоиме на нашите барања“, вели Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум

Инаку една од забелешките на Наставничкиот пленум е и тоа дека материјалот за полагање на екстерното тестирање речиси е непроменет од минатата година.

„Јас предавам 5-6 предмети и по ниту еден предмет немам книга, а децата ќе се тестираат на прашања. За оваа година прашањата не се сменети од лани, само се измешани, променети се само 10 отсто од прашањата. Има многу недостатоци за екстерното“, вели тој.

За матурантите школската година заврши на 20 мај, а полагањето на матурата е од 1 до 10 јуни.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG