Несреќните 24 часа во Куманово и нивниот трагичен исход со смртта на осуммина специјалци и триесетина тешко повредени нивни колеги веројатно допрва ќе ги коментирате на нашата веб-страница, почитувани, а за денеска ја објавуваме реакцијата на Бубе Тодоровски, на нашата Фејсбук страница, на изјавата на премиерот Груевски кој излезе со обраќање до јавноста два дена откако се водеше полициската акција во Куманово: „Барбикооо, масакр ја направија полицијата, а ти не виде толкава чета вооружена како влегува и сега жалиш.“
Барбикооо, масакр ја направија полицијата, а ти не виде толкава чета вооружена како влегува и сега жалиш.Коментат на читател.
Протестите во Скопје и повеќе други градови против бруталноста на полицијата по објавените аудио-материјали за убиството на Нешкоски се втората жешка тема. Таклабас од Скопје напишал дека никој нема да дојде на власт без избори, но најпрвин, вели, „бандата која десетина години ја пљачкосува Македонија треба да си замине, ама така како што доликува, со судска правда и долгогодишен затвор“.
Потпишан со Македонија прашува дали СДСМ со насилство ќе дошла на власт и завршува: „Срам да им е за циркусот вчера“. Дилемата каква ќе биде разрешницата на кризата во државава, дали со оставки или со масовни протести, е предмет на коментар на Пиле, кој напишал дека, ако сака ДПМНЕ да опстане како политичка партија за чиј период на владеење се случиле, како што потсетува, контролираниот конфликт во 2001 година, аферата Големото уво, сега пак афера со прислушување, треба да направи чистење на првите ешалони на партијата, зашто поради отсуство на демократија во неа - е на прагот на распаѓање“.
„Желба на ДПМНЕ е и распад на РМ“, тврди Пиле во коментарот. Мите смета дека оставките на дел од Владата се исто како на автомобил стар 20 години да менуваш делови, ама возилото е пак старо и неупотребливо за подолго време, напишал Мите. Ситизен, конкретно, ги поздравува девојките кои направија одбранбен ѕид за да ги заштитат специјалците од провокаторите на инциденти пред Собранието и напишал: „Секој ден сме побројни, научивме да се организираме на лице место и да ги препознаваме провокаторите, народот се буди, за сите нас се работи...“