Достапни линкови

Завршени борбите во Куманово


Во акцијата загинале осуммина полицајци, а 37 се повредени. Котевски рече дека досега нема пријавено жртви од цивилното население.

Полициската операцијата во Куманово е завршена, а терористичката група која беше стационирана во неколку објекти во кумановската Дива населба е целосно неутрализирана и елиминирана, соопшти попладнево портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Во акцијата загинале осуммина полицајци, а 37 се повредени. Котевски рече дека досега нема пријавено жртви од цивилното население.

Котевски рече дека биле пронајдени телата на 14 убиени терористи, но по целосна проверка на теренот може да се пронајдат нови тела. На униформите имале ознаки на ОВК.

Котевски рече дека вчера се предале повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани, но и еден албански државјанин. Тие денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.

Лидери на вооружената група биле Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева, Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато, Сами Ушкини, односно Командант Соколи, Беи Ризај и Дем Шеху. Тројца од нив биле во групата што вчера ѝ се предаде на полицијата.

Котевски рече дека во Куманово е пронајден и голем арсенал оружје.

Според него, ова била една од најопасните терористички групи во регионот. Тие почнале да влегуваат во земјава на почетокот на месецов и се подготвувале кон средината на месецов да извршат напади.

По полициската акција во Куманово за разбивање на терористичка група Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека по примената кривична пријава ги преземаат сите потребни истражни дејствија согласно закон и оти дополнително ќе ја известат јавноста за преземените дејствија, кои, како што се посочува во соопштението, во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.

Владата на вонредна седица донесе одлука недела и понеделник да бидат ден на жалост во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во полициската акција.


Болниците се уште не даваат официјални информации за повредените полицајци.

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска во 17 часот свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав, по која е најавено негово обраќање до граѓаните на Македонија.

Советот за безбедност ќе заседава во состав: претседателот Иванов, претседателот на Собранието Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министерите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, како и членовите на СБ

Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и претседателите на СДСМ, ДУИ, и ДПА, Заев, Ахмети и Тачи.

​Владата на вонредна седица донесе одлука недела и понеделник да бидат ден на жалост во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во полициската акција.

Пукањето во Куманово започна вчера утрото околу четири часот и триесет минути и траеше во текот на ноќта и утрово.

XS
SM
MD
LG