Достапни линкови

Политички или верски превирања во ИВЗ?


По вчерашниот „пуч“ во ИВЗ во кој разрешениот скопски муфтија Ибраим Шабани се прогласи за нов поглавар, реисот Сулејман Реџепи вели дека седиштето на ИВЗ е узурпирано од криминалци.

Уставниот поредок на Исламската верска заедница е прегазен и единствено решение е оставка на Реисот Сулејман Реџепи со цел да се ослободи заедницата за таа да се врати во нормален колосек, изјави денеска Африм Тахири, генерален секретар на ИВЗ, кој го поддржува разрешениот скопски муфтија Ибраим Шабани кој вчера се самопрогласи за нов поглавар.

Ние сме вработени и во ИВЗ и ние сме во нашите канцеларии. Ние не спречивме никој денеска да си дојде на работа. Тоа го прави другата страна.
Африм Тахири, генерален секретар на ИВЗ.

Актуелниот Реис синоќа на средба со муфтиите изјави дека седиштето на ИВЗ е узурпирано од криминалци, а вработените се во заложништво.

Реисот Сулејман Реџепи.
Реисот Сулејман Реџепи.

Тахири го тврди спротивното.

„Ние сме вработени и во ИВЗ и ние сме во нашите канцеларии. Ние не спречивме никој денеска да си дојде на работа. Тоа го прави другата страна“, вели тој.

Крива или иницијатор за вакви проблеми е неработењето на Комисијата за верски заедници, која треба да не дозволи да се појават вакви проблеми и која треба да ги решава проблемите, бидејќи еднаш засекогаш треба да се навикнеме и да научиме дека тоа што е напишано треба да се почитува.
Ружди Љата, поранешен муфтија.

Според Реџепи, причините за вчерашните настани се политички злоупотребени за поттикнување на конфликт. Тој смета дека групата која направи упад во ИВЗ има поддршка од полицијата, бидејќи, како што рече, иако добиле наредба од Обвинителството да дејствуваат, не прават ништо за да ги растераат лицата од ИВЗ.

Од МВР ги негираат таквите тврдења и велат дека постапуваат согласно уставот и законите и дека е идентификуван човекот којшто вчера испукал еден куршум, а оружјето со кое го сторил тоа е обезбедено за докажување на делото.

За Тахири, заклучоците на Реисот се невалидни затоа што, според него, тој нема легитимитет поради начинот на кој е избран. Став од актуелниот Реис не успеавме да добиеме.

Поранешниот муфтија Ружди Љата вели дека за случувањата во ИВЗ одговорна е Комисијата за верски прашања којашто досега не презела ништо за решавање на проблемите.

„Крива или иницијатор за вакви проблеми е неработењето на Комисијата за верски заедници, која треба да не дозволи да се појават вакви проблеми и која треба да ги решава проблемите, бидејќи еднаш засекогаш треба да се навикнеме и да научиме дека тоа што е напишано треба да се почитува“, вели Љата.

Проблемот во јавноста се толкува како политички обид за смена на раководството поради актуелната политичка криза и аферата со прислушување, за која Реисот излезе со колумна во неделник. Од друга страна, пак, теолози и верници пишуваат во странските медиуми за македонскиот проблем потенцирајќи дека станува збор за сè друго освен за религиски прашања. Неофицијално се дознава дека расправијата започнала поради проневера на половина милион евра.

Во 2011 година, еден од тогашните имами Рамадан Рамадани се обиде да издејствува смена на Реисот. Начинот на кој е сменет уставот во ИВЗ со кои Реисот поставува муфтии кои подоцна му ја даваат поддршката со што се создава затворен круг во кој по правен пат нема промени, создава негативни чувства кај верниците.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG