Достапни линкови

Голем средношколско-студентски протест во Скопје


Илјадници средношколци и студенти протестираа против лошите реформи
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:35 0:00

Неколку илјади средношколци и студенти протестираа против лошите реформи

Неколку илјади средношколци и студенти се собраа пред зградата на Министерството за образование и побараа оставка од министерот. Тие бараат да полагаат државна матура според стариот концепт и шест месеци да биде ставен во мирување законот за екстерното тестирање.

Илјадници средношколци, студенти и нивни поддржувачи денеска се собраа на третиот средношколски марш од кој и порачаа на Владата стоп за лошите реформи во образованието.

Претеруваат, експериментираат со нас како со заморчиња. Бараме да се укине екстерното, а математика да не полагаме со стручните училишта, затоа што ние не учиме математика и не треба да полагаме.
анкетиран средношколец.

Со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Не си го реформирај министре образованието, затоа мама не ме праќа на школо“, „Професори, учениците ви одржаа час“, „Не ни го уништувајте образованието“, „Средношколец не е еднакво на бел глушец“, „Министре од нас ли се плашите?“, тие од Градскиот парк се упатија кон зградата на Министерството за образование.

Пред раскрсницата кај владата се споија со насобраните студенти чиј пленум и претходно им даде поддршка. Претставници на средношколците и на студентите запалија факел за да го покажат единството.

Да разговараат треба, зошто да не ги примат? Дали се во право или, нека си аргументираат. Не мислам дека реформите се лоши, но треба да се разговара да се види дали се добри или лоши.
анкетирана граѓанка.

Пред зградата на Министерството за образование и наука побараа оставка од министерот и извикуваа сега ќе не слушнете. Тие бараат да полагаат државна матура според стариот концепт и шест месеци да биде ставен во мирување законот за екстерното тестирање.

„Да нема екстерно, да се укине математиката за нематематичките смеровии да се врати стариот модел за матура.“

„Претеруваат, експериментираат со нас како со заморчиња. Бараме да се укине екстерното, а математика да не полагаме со стручните училишта, затоа што ние не учиме математика и не треба да полагаме. Не треба да има екстерно, а за матурата, еден ден се полага писмено, а еден ден електронски, мислиме дека тоа е претерано“, велат средношколците.

Меѓу насобраните имаше и повозрасни граѓани кои излегле да ги поддржат.

„Да разговараат треба, зошто да не ги примат? Дали се во право или, нека си аргументираат. Не мислам дека реформите се лоши, но треба да се разговара да се види дали се добри или лоши“, вели една граѓанка.

Инаку средношколците по трет пат маршираат против реформите во образованието. Првиот се одржа на 19 март, а вториот на први април.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG