Наместо обединување на резултатите од мерењето на загадувањето на воздухот во Битола, дојде до нови конфронтирања меѓу екологистите и општинските власти.
Првичното мерење кое општината требаше да го изврши уште на крајот на февруари пропадна, како и тендерот и избор на фирма која би го извршила мерењето. Нема апсолутна информација дали воопшто ќе има мерење и кога ќе започне.Горан Пинза, претставник на здружението „За нас се работи“.
Од здружението „За нас се работи“ изјавија дека тие го исполниле нивниот дел од договорот со Општината, ангажирале приватна лабораторија која направила неделни анализи на аерозагадувањето, но, обвинуваат дека Општината иако ветила анализи до сега не ги направила.
„Првичното мерење кое Општината требаше да го изврши уште на крајот на февруари пропадна, како и тендерот и избор на фирма која би го извршила мерењето. Нема апсолутна информација дали воопшто ќе има мерење и кога ќе започне. Овој одговор го добивме телефонски од лицето кое ни е наложено за контакт. И писмено побаравме одговор, но немаме добиено одговор и по пет работни дена. Констатираме дека ние сме изиграни во овој случај“, изјави Горан Пинза, претставник на здружението.
Од Општината реагираат дека до сега не им биле испратени резултатите од истражувањето на екологистите и сметаат дека здружение најмалку се занимава со екологија.
По неколкуте масовни протести на здружението за почист воздух, на крајот на минатата година екологистите и градоначалникот на Битола, Владимир Талески потпишаа меморандум за соработка. Се договорија двете страни да направат мерења и резултатите да се обединат во едно. Екологистите измерија дека концентрација на ПМ10 честичките кои се над дозволените граници, во себе содржат од 67 до 97 проценти фина прашина штетна за дишните органи. Општината вети дека до февруари ќе го измери аерозагадувањето, а резултатите ќе ги има до април.
„Ние како здружение на граѓани „За нас се работи“ бараме неотповиклива оставка од страна на градоначалникот на Општина Битола која очекуваме да ја достави до крајот на овој месец. Доколку тоа не се случи нашето следно барање ќе биде да се постави точка на Совет на општина Битола на која ќе се гласа за доверба на градоначалникот. На таа седница ќе бидеме присутни и ние за да видиме дали советниците повторно ќе гласаат по убедувања на своите партии или по лично убедување и за доброто на градот“, додаде Пинза.
Ако ова не даде резултат најавија нови протести и собирање на потписи за распишување на референдум.
Од Општината реагираат дека до сега не им биле испратени резултатите од истражувањето на екологистите и сметаат дека здружение најмалку се занимава со екологија. Уште додаваат, екологистите ги оспорувале активностите на Општина Битола за избор на фирма која ќе ги врши мерењата со цел да прикажат злоупотреба на меморандумот од страна на Општина Битола, па со ваквото однесување ја доверува во прашање понатамошната соработка, велат од Општина Битола.