Достапни линкови

Најмногу коментари за „одбраната“ на Македонија


Текстовите за ГДОМ и одбраната на Македонија, како и нашата анкета - На кого повеќе му веруваат во аферата „Прислушување“, на Заев или на Груевски, предизвикале најмногу коментари на нашата веб страница.

За тоа дали Граѓанското движење за Македонија или скратено ГДОМ е продолжена рака на власта, Ирина коментирала дека сè додека има вакви овци сите ќе нè стрижат и дека не верува дека она што го зборуваат го прават за ковче. „Кај е да е, ќе лапнат и некое јагне за Велигден“, напишала Ирина на нашата веб-страница.

Тони се појави на крајот на 2001-та како портпарол, а ни барут не помириса, Миленко треба ли да го дискутираме со криминалното досие во судот, Ачкоска која е најзаслужна за тоатално извртување и хаос во нашата историја – срамота.
Коментар на читател.

Горан мисли дека „нивната перверзна активност само ја евидентира огромната цивилизациска разлика меѓу нив и остатокот од населението во Македонија. Нема ниту може да има единство со нив“. Ситизен прашува од кого ја бранат Македонија и потсетува на ликовите на некои од припадниците на ГДОМ: „Тони се појави на крајот на 2001-та како портпарол, а ни барут не помириса, Миленко треба ли да го дискутираме со криминалното досие во судот, Ачкоска која е најзаслужна за тоатално извртување и хаос во нашата историја – срамота“. Пејо, пак, прашува дали на власта не ѝ било срам да ангажира толку прости луѓе.

Миле пак со својот став дека „РСЕ е продолжена рака на странска непријателска држава чија шпионска служба го финансира овој медиум“. И Здравец го напаѓа нашево Радио по текстот кому повеќе веруваат нашите слушатели на интерната анкета, дали на Заев или на Груевски: напишал дека не се ни обидел да го прочита текстот зашто знаел што може да излезе од редакцијава и дека жали што „вашиот ткн. слободен и демократски медиум сè уште не е затворен“.

Иљо смета дека се доволно лаги и измами, а Македонец до смрт смета дека не треба само по телефони и социјални мрежи да се кажува дека некој е против ВМРО, туку дека треба да се „искочи надвор за да видат дека не им успева тактиката со заплашување“.

По прегледот на вашите реакции на веб и на Фејсбук страниците на Радио Слободна Европа, повторно Миле од Охрид коментирал дека реакциите се објавуваат селективно и се монтираат, и дека тоа е, како што напишал, „истиот ракопис со кој Заев работи со материјалите од прислушувањето“. Како одговор, Незабеган го предлага господин Миле за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, бидејќи, вели, „многу се разбира што е тоа селективно објавување на коментари и нивно монтирање...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG