Правото на здравствено осигурување за невработените и лицата со пониски примања, како и постапките на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се едни од приоритетните теми во последниве три години во Македонија, и не само помеѓу граѓанскиот сектор туку и помеѓу самите институции на системот.
До Основните јавни обвинителства се поднесуваат кривични пријави против истите осигуреници за „лажно дадена изјава” и во скратена постапка се објавуваат осудителни пресуди без судење и знаење на обвинетите лица при што им се изрекуваат казни затвор во траење од 3 месеци, условно за една година и треба да платат паушал од 3 илјади денари.
Додека една „борба” се издвојува и сметаме дека треба да го поздравиме и пофалиме нашиот здравствен систем, по автоматизам се отвора нов фронт и потреба за нова „борба” и се само заради една иста цел – да се заштитат правата на најсиромашните граѓани кои упорно се таргет на одредени санкционирања.
Во контекст на истото беше две-годишната инцијатива (2013-2014) во која баравме да се отстрни обврската на осигурениците на ФЗОМ да поднесуваат Изјава за остварени приходи во постапката за пре-регистрација секоја година во февруари-март бидејќи истата таа обврска беше неуставна и оставаше 50 проценти од нив без пристап до бесплатните здравствени услуги. Конечно во декември 2014 година Министерството за финансии се заложи за надминување на проблемот односно ги предложи измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување според кои истата обврска ја немаат осигурениците од 2015 година.
Рековме ајде да здивнеме малку и да укажеме во јавноста на позитивната мерка што е воведена, за да граѓаните забележат дека гласот им бил слушнат од страна на институциите.
Одеднаш во етерот одекна веста дека до Основните јавни обвинителства се поднесуваат кривични пријави против истите осигуреници за „лажно дадена изјава” и во скратена постапка се објавуваат осудителни пресуди без судење и знаење на обвинетите лица при што им се изрекуваат казни затвор во траење од 3 месеци, условно за една година и треба да платат паушал од 3 илјади денари. Истражувајќи ја оваа ситуација изминативе месеци, официјално денес можеме да кажеме дека ФЗОМ во 20 општини поднел 6.760 кривични пријави против овие лица и инсистира тие да бидат осудени, а уште дополнителни нови пријави се очекува да бидат поднесени во текот на 2015.
И наместо да излеземе во јавност со пофалби ете повторно како граѓанска коалиција од 12 здруженија излеговме на прес на 06.03.2014 година алудирајќи на следните грижи:
- Основните јавни обвинителства различно постапуваат односно дел ги отфрлаат а дел ги процесуираат. Отфрлените се со образложение дека: делото не е кривично дело за кое се гони по службена должност, пријавените дела се застарени, станува збор за дело од мало значење и сл.
- За процесуираните, доколку не се поднесе Приговор во рок од осум дена, пресудата станува правосилна а со тоа и лицата стануваат криминалци при остварување на други права за кои ќе се бара доставување неосудуван лист, како што е правото на вработување и правото да се напушти сопствената држава.
- Иако нема основа, ФЗОМ без судска постапка бара надомест на штета за користените здравствени услуги за годината во која лицето „лажно” дало изјава за остварените приходи.
Кај поголем дел од обвинетите во 2011 година, постои голема веројатност да го имаат повторено истото дело во 2012 и 2013 година. Доколку во рок од една година се донесе втора правосилна пресуда, истите лица ќе треба да ја одлежат затворската казна од три месеци односно условната казна ќе се изврши.
- Кај поголем дел од обвинетите во 2011 година, постои голема веројатност да го имаат повторено истото дело во 2012 и 2013 година. Доколку во рок од една година се донесе втора правосилна пресуда, истите лица ќе треба да ја одлежат затворската казна од три месеци односно условната казна ќе се изврши.
- Засегнатите не се во можност самостојно финансиски да го понесат товарот на одбраната со оглед на тоа што судот уважува Приговори поднесени само од овластен застапник.
- Доколку адресата во пријавата од ФЗОМ е различна или променета од фактичкото место на живеење, граѓаните нема да имаат можност да го искористат правото на заштита и нема да дознаат дека се осудени.
Здруженијата тргнаа во нов „поход” повикувајќи ги осудените да побараат правна помош и можност за судско застапување, притоа очекувајќи дека Јавното Обвинителство на РМ ќе го слушне гласот на граѓаните и ќе постапи во нивни интерес па ќе ги отфрли сите кривични пријави со оглед на тоа што станува збор за дело кое не е ни кривично дело и кое произлегло од погрешната и неуставна здравствена политика во државата. Притоа на тој начин нема да дозволи илјадници граѓани да станат криминалци само заради тоа што се обидувале да пристапат до основните здравствени услуги и да го заштитат своето здравје!
Владата на РМ и Народниот Правобранител ги повикaвме во интерес на граѓаните да ја разгледаат ситуацијата и да ни одговарат на нашите Барања за изнаоѓање поповолно решение при надминување на ситуацијата, преку испраќање на официјално писмо пред два дена. Па сега останува да видиме накај ќе одиме понатаму со „владеењето на правото” во нашата држава.