Во екот на опозициските бомби кои го окупираат македонското секојденевие, растат препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавноста е сведок на континуирани обвинувања за лаги и манипулации од двете страни, кога секој си ја кажува и толкува својата вистина на приказната. Запрашан за тоа зошто ако владејачката партија е убедена дека Заев лаже, не покренува тужба за клевета и навреда против него, професорот Темелко Ристески со став.
Ако евентуално го тужат за клевета ќе го изгубат спорот. Ако се сеќавате на обраќањето на премиерот на 31 јануари до јавноста, ако нешто е вистина, нешто делумно вистина и нешто не е вистина, кога признава премиерот, значи има многу повеќе вистина од тоа што го кажува Заев, отколку што има невистина.Темелко Ристески, универзитетски професор.
„Ако евентуално го тужат за клевета ќе го изгубат спорот. Ако се сеќавате на обраќањето на премиерот на 31 јануари до јавноста, ако нешто е вистина, нешто делумно вистина и нешто не е вистина, кога признава премиерот, значи има многу повеќе вистина од тоа што го кажува Заев, отколку што има невистина“, вели Ристески.
Професорот Никола Дујоски вели дека не би навлегувал во тоа дали во конкретниот случај има доволно елементи за покренување на таква постапка иако смета дека самата констатација дека Заев лаже не е доволен аргумент за покренување на тужба за клевета и навреда.
Да почекаме да видиме како ќе одат понатаму деновите, до кои активности ќе се држат од СДСМ, што на тоа ќе одговори ВМРО-ДПМНЕ. Сега за сега сè се сведува на партиско препукување коешто станува интересно за граѓаните и ништо повеќе од тоа.Никола Дујоски, универзитетски професор.
„Се разбира Судот не би судел само со вакви изнесени на слепо напишана пријава за клевета или за навреда, или за што било друго, мислам дека сега за сега не сме уште во таа фаза“, вели Дујоски.
Кога власта ќе има доволно аргументи за да покрене постапка за клевета и навреда против Заев, таа без сомнение тоа ќе го направи, а повеќе од сигурно е и дека спорот ќе го добие, убеден е професорот Ристески.
„Кога би имале јаки аргументи тие без сомнение тоа би го сториле, ни малку нема да се двоумат, тоа да го направат и тие веројатно би го добиле спорот, а сега единствено им останува да чекаат што ќе кажат органите на правосудствот“, вели професор Ристески.
Кој лаже, а кој ја кажува вистината, сепак ќе утврди Судот, велат експертите. Дујоски претпоставува дека во моментот ниту едната ниту другата страна е способна и има доволно докази за да ги изнесе пред Суд.
„Да почекаме да видиме како ќе одат понатаму деновите, до кои активности ќе се држат од СДСМ, што на тоа ќе одговори ВМРО-ДПМНЕ. Сега за сега сè се сведува на партиско препукување коешто станува интересно за граѓаните и ништо повеќе од тоа“, вели Дујоски.
Ристески објаснува дека обвинителот е тој кој поведува постапка пред судот, а судските инстанци се тие кои треба да ја утврдат вистината и да донесат правосилна одлука. Дујоски пак заклучува дека засега граѓаните се само пасивни набљудувачи на секојдневната меѓупартиска комуникација и соопштенијата од штабовите кои се налик едно на друго.