Достапни линкови

Груевски – Преодна влада е можна само без ВМРО-ДПМНЕ


Груевски - Нема избори, името не го даваме, преодна влада може само без нас
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:57 0:00

Груевски - Нема избори, името не го даваме, преодна влада може само без нас

Груевски ги отфрли барањата на Зеав. Нема да има избори. Можна е преодна влада, но без ВМРО-ДПМНЕ. Јавниот обвинител е важно да се однесува по словото на законот, а не се согласи ниту со тезата дека во Македонија нема слобода на медиуми, туку напротив. За политичката состојба Груевски најавува правна завршница согласно законите во државата.

Формирање предна влада е можно, ама без ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Никола Груевски на денешната партиска трибина во Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, што владејачката партија ја организира како одговор на сличната трибина на опозицискиот СДСМ што минатата недела се одржа во Универзалната сала во Скопје.

Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легитимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада, а кој не. Со формирање на преодна влада се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите.
Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легитимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада, а кој не. Со формирање на преодна влада се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите“, рече Груевски.

Во однос на барањето на претседателот на СДСМ Зоран Заев за нов јавен обвинител, Груевски рече дека за нив е важно е обвинителот да се однесува по словото на законот и оти тој е убеден дека сегашниот обвинител тоа го прави.

За барањето на Заев за смена на директорот на МРТВ, Груевски рече дека не се согласува со тезата дека во Македонија нема слобода на медиуми, туку напротив.

Нема да дозволам да нè закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Нема да дозволиме да не закрват и испровоцираат.
Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека Заев е вклучен во активности кои имаат за цел дестабилизација на државата и одработува агенда што не ја разбира.

За политичката состојба во земјава, тој најави правна завршница согласно законите во државата.

Тој уште еднаш порача дека ВМРО-ДПМЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното името, како и тоа дека партијата нема да прифати идеи и предлози со кои би се загрозил македонскиот народ, како и тоа дека нема да дозволат кое и да било решение за спорот за името да биде прифатено без за тоа да одлучи народот на референдум.

Ама зло што гради и што создава. Зло што отвора илјадници нови работни места, зло што работи по 15 саати на ден за да му помогне на секого на кого може. Некое чудно зло е ова нашето зло. Како не дојде вакво едно зло порано, во 90-те.
Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Груевски, откако на Заев не му успеало да направи внатре македонски конфликт, ќе се обиде да ги влоши меѓуетничките односи, но порача народот да е мирен и да не потпаѓа под провокации.

„Нема да дозволам да нè закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Нема да дозволиме да не закрват и испровоцираат“, рече тој.

Груевски и порача на опозицијата да не се грижи, оти нема да има избори.

„Нема потреба да се плашите, барем не до толку, но ќе има одговор, ќе има сериозен одговор, тоа не им бега, ова е нашиот одговор, силата е во народот, народот кој нè поддржува, кој е со нас, сиот изминат период. Нашиот народ не е наивен, поминал многу во минатото, тој е мирен, спокоен, семеен и сака сигурна иднина и не дај боже да му брцнеш во око или да го излажеш не те спасува ни странец обвинител, ни Владе Милчин, ни Фрчко, а богами ни Супермен не ме може да те спаси“, порача Груевски.

Во останатиот дел од говорот, Груевски даде отчет за досега сработеното и најави нови странски инвестиции, нови вработувања, зголемување на социјалната помош... Тој зборуваше за ветените и исполнетите проекти, за вработувањата, бесплатното студирање, странските инвестиции, автопатиштата, бенефициите за пензионерите, спортските сали и центри, како и за уште многу проекти.

Со креирани телефонски разговори добиени од странски служби, опозицијата се обидува со сите сили да не прикаже како нечовечни, злобни, како криминалци и како некакво зло, рече Груевски.

„Ама зло што гради и што создава. Зло што отвора илјадници нови работни места, зло што работи по 15 саати на ден за да му помогне на секого на кого може. Некое чудно зло е ова нашето зло. Како не дојде вакво едно зло порано, во 90-те“, рече Груевски.

На партиската трибина во спортскиот центар Борис Трајковски, пред премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски говореа и актерот Тони Михајловски, потоа се обратија Јохан Тарчуловски, а по него и режисерот Љубиша Георгиевски.

„Се собравме денеска да покажеме дека сме силни, единствени и решителни како никогаш досега“, рече водителот на манифестацијата.

Пред говорите, на трибината насловена „Нашите дела – наша борба за Македонија“ - Луѓето ги гледаат нашите дела и ја препознаваат нашата борба, пејачката Калиопи ја интонираше македонската химна. За оние кои не може да влезат во салата пред салата има видео бимови на кои може да се гледа настанот, а меѓу говорите се слушаа родољубиви песни.

Трчуловски - На народот му е доста од поделби и црни сценарија

Поранешниот хашки затвореник, Јохан Трчуловски, кој во земјава беше дочекан како херој, порача дека на народот му е доста од поделби и црни сценарија.

„Овој народ сака светла иднина а не мрачни сценарија. Ве повикувам сите заедно, без разлика на партиска, или верска припадност, Ве повикувам да бидеме она што сме и она што секогаш сме биле. Да бидеме Македонци кои со дела се борат за интересите на Македонија“, изјави Јохан Тарчуловски.

Георгиевски - На Македонија под итно ѝ треба опозиција

Режисерот Љубиша Георгиевски, кој во минатото извршувале високи државни функции во владите на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор рече дека ако сакал Заев бомбата да му биде успешна требало да ја активира за време на трибината во спортскиот центар, оти како што вели Заев на тој начин ќе го униште срцето на Македонија, а тоа според него, го сакала опозицијата.

„На силниот му прилега да е мудар. Најосновно е, да не се подадете на културата на омразата која со сета сила ја шири тајфата на медиокритети. Прво направија пуч во својата партија и тогаш на чело дојдоа луѓе со многу просечни и професионални квалитети. Целта на нашите непријатели е да се замразиме. Стара вистина е ако сака непријателот на Македонија ефикасно да ја уништи да најде Македонци“, рече Георгиевски.

Тој порача дека на Македонија под итно ѝ треба опозиција, но не таква која ќе служи за мајтап, како и тоа опозициските пратеници да се вратат во парламентот. А на Владата и порача да продолжи со проектите што ги ветила.

Од владејачката партија најавуваат слични трибини и во градовите низ Македонија. Непосредно пред нивната трибина, опозицискиот СДСМ ја објави таканаречената 10 „бомба“.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG