Од 60 до 90 проценти ситната прашина која ја загадува Битола во себе содржи уште поситен прав со големина од 2,5 микрометри кој е опасен за белите дробови на битолчани. Ова го покажа испитувањето на квалитетот на воздухот што по барање на здружението „За нас се работи“ го спроведе независна лабораторија. Испитувањето траеше две недели, а даде загрижувачки резултати.
„Алармантен е и фактот што во измерената концентрација на ПМ 10 честичките, концентрацијата на ПМ 2,5 честичките кои се поопасни за човековото здравје поради нивната димензија, е од 67 до 97 проценти во текот на целиот период на мерењето. Вакви честички во Битола се мерат за првпат.Иван Јерчиќ, здружение „За нас се работи“.
„Алармантен е и фактот што во измерената концентрација на ПМ 10 честичките, концентрацијата на ПМ 2,5 честичките кои се поопасни за човековото здравје поради нивната димензија, е од 67 до 97 проценти во текот на целиот период на мерењето. Вакви честички во Битола се мерат за првпат“, изјави Иван Јерчиќ, преставник на здружението.
На интернет страницата на Министерството за животна средина ПМ 2,5 честичките уште се наречени и фина прашина. Тие се состојат од цврсти материи во форма на чад, прав и пареа и можат да останат во воздухот подолг период. Тие се една од главните причини за намалена видливост на патот, како и за белодробни заболувања. Можно е да се создаваат од емисии на сулфурни и азотни оксиди од инустриските и енергетски постројки и возила на дизел гориво, пишува на страницата.
Мерењата покажаа големо присуство на ПМ10 честичките во воздухот, што впрочем се гледаше и во измерените параметри од мерните станици во градот, вели Јерчиќ.
„Резултатите покажуваат дека присутноста на ПМ10 честичките во централното градско подрачје каде е вршено независното мерење покажува повисоки вредности во 13 од 14 измерени денови. Во деновите кога е вршено мерењето според референтни методи резултатите покажуваат дека во време на стабилни климатски промени, присустноста на ПМ 10 И ПМ2,5 честичките е над дозволеното ниво во сите наведени денови“, додава Јерчиќ.
Анализите го покажаа и изворот на загадување.
„Според добиените резултати можеме да заклучиме дека сообраќајот не се наоѓа во примарните загадувачи, поради што во игра остануваат домаќинствата и индустриските капацитети како најголеми загадувачи особено во зимскиот период.“
Аерозагадувањето го мереше референтна лаборатоија од земјава две недели во текот на месец декември, а анализите беа направени во Србија. Но, презентацијата на резултатите задоцни зашто компанијата не испрати експерти да ги образложат.
„Резултатите го пренесуваме со задоцнување зашто фирмата која го изврши мерењето не испрати свој претставник кој стручно ќе ги образложи резултатите што ова всушност значи и од неможноста да најдеме наш соработник кој ја познава оваа проблематика и стручно би ги објаснил податоците“, додаде Јерчиќ.