Облеката и спортската опрема се на врвот на листата на производи што најмногу се порачуваат по интернет. Потоа на ранг листата следуваат аранжманите за летни и зимски одмори, производите за кои се нудат попусти, па следуваат производи за домаќинство, па книгите, весниците и списанијата, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Податоците од Народна банка покажуваат дека во изминатата година онлајн потрошувачите во просек потрошиле речиси десет милиони евра.
Не, не сум купувала. Не дека не верувам, туку едноставно не сакам.Анкетиран граѓанин.
Според податоците, на онлајн пазарот во Македонија денеска може да се најдат над 300 онлајн продавници, кои нудат секакви производи и услуги.
Додека бројките покажуваат заинтересираност на граѓаните за онлајн купување, граѓаните коишто ги анкетиравме велат дека сè уште се плашат да пазарат преку интернет и дека ретко го прават тоа, пред сè поради стравот од интернет измамите.
„Да, конкретно за мали деца нешто, играчки, такви работи.“
„Не, не сум купувала. Не дека не верувам, туку едноставно не сакам.“
„Не сум имала шанса да купувам“, велат анкетираните граѓани.
Ние детектиравме такви измамни сајтови заради тоа што ни се жалеа дека нема каде да го вратат производот, тој им доаѓа на врата, немаат ништо како показател каде би можело да се пожалат, оти нели постои период од 8 или 14 денови во кој производот може да се врати.Марија Лончар, Оганизација на потрошувачи.
Иако речиси 70 отсто од домаќинствата имаат пристап до интернет, податоците велат дека само 10 отсто од Македонците пазарат онлајн.
Статистиката покажува дека речиси 65 проценти од онлајн потрошувачите во земјава купуваат производи од домашни е-трговци, додека останатите пазарат од странски онлајн продавници.
Организацијата на потрошувачи препорачува да се користат познати и проверени интернет страници и да се проучат условите за користење, плаќање и достава на производите.
Организацијата на потрошувачите лани регистрирала зголемување на жалбите на производите купени од интернет.
„Ние детектиравме такви измамни сајтови заради тоа што ни се жалеа дека нема каде да го вратат производот, тој им доаѓа на врата, немаат ништо како показател каде би можело да се пожалат, оти нели постои период од 8 или 14 денови во кој производот може да се врати“, вели Марија Лончар од Оганизацијата на потрошувачи.
Таа додава дека до нивната организација пристигнале околу три илјади жалби на граѓани за нарушување на потрошувачки права.
„А другите се од тие илјада што остануваат на други предмети некаде околу 10 отсто се на овој дел, што значи не е некој значителен број и нашите граѓани не се толку многу охрабрени за купуваат на македонскиот пазар он лајн, освен некогаш кога букираат, помладите граѓани се всушност поохрабрени да одат на тој начин преку интернет.“
Најголем број корисници што купуваат на Интернет се млади на возраст од 25 до 34 години, која е и најчестата група кај компаниите што работат онлајн.
Купувањето преку интернет е сè повеќе популарно во европските земји. Најмногу ваквиот начин на купување го користат граѓаните на Велика Британија, дури 82 проценти од интернет корисниците, по што следуваат Данците, Швеѓаните и Германците, а најмалку онлајн купување практикуваат Романците, само 11 проценти.