Достапни линкови

Франција е за запирање на проширувањето на НАТО


Франција е за запирање на проширувањето на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Франција е за запирање на проширувањето на НАТО

Изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд за привремено запирање на проширувањето на НАТО ги изненади властите на Црна Гора. Во меѓувреме, во Подгорица е пренесен ставот на НАТО дека во врска со Црна Гора се уште важи одлуката од самитот на Алијансата во Велс.

Се што е договорено за Црна Гора на самитот на НАТО во Велс останува на сила, е ставот на Алијансата што синоќа го пренесе Телевизија Црна Гора по изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд дека треба да се стопира проширувањето на НАТО со нови членки.

Што се однесува до државите кои во некој момент би сакале да пристапат кон НАТО, засега ставот на Франција е сите тие барања за пристап да се одбијат, бидејќи мислиме дека НАТО не треба да се шири во овој момент.
Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Во Брисел се наведува дека министрите на земјите членки на НАТО до крајот на оваа година ќе решат за поканата на Црна Гора за членство, како што впрочем било договорено во Велс во септември лани.

Претходно во Париз, Оланд, по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека француската позиција во моментов е да се отфрли секакво ново членство во Алијансата.

„Што се однесува до државите кои во некој момент би сакале да пристапат кон НАТО, засега ставот на Франција е сите тие барања за пристап да се одбијат, бидејќи мислиме дека НАТО не треба да се шири во овој момент“, рече Оланд.

Наш приоритет е влез во НАТО и Европската унија и упорно работиме да ги исполниме условите. Никој, дури ни Франција не смее да донесува одлуки на ваков начин.
Саво Кантера, претседател на Атлантскиот совет на Црна Гора.

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ оцени дека изјавата на Оланд најверојатно била под влијание на сегашните напори за решавање на сегашната криза во Украина и загриженоста од противењето на Русија која критички гледа на плановите на НАТО за проширување.

Тој додаде дека изјавата на Оланд не се однесувала на Црна Гора. Со слични изјави се јавија и некои други црногорски официјални претставници.

Првиот човек на Атлантскиот совет на Црна Гора, Саво Кантера, вели дека може да прифати неговата земја да биде блокирана ако не ги исполнува условите за членство, но не и ако тоа е поради негативниот став на Русија.

„Наш приоритет е влез во НАТО и Европската унија и упорно работиме да ги исполниме условите. Никој, дури ни Франција не смее да донесува одлуки на ваков начин“, вели Кантера, додавајќи дека е можно една членка на НАТО да го блокира членството на Црна Гора.

Во меѓувреме противниците на влезот во НАТО позитивно го оценија ставот на Оланд:

„Според мене ова дефинитивно е добра вест за Црна Гора бидејќи симнуваме од дневен ред една точка за која не постои согласност меѓу граѓаните и владата на Црна Гора“, изјави Славен Радуловиќ од Новата српска демократска партија, додавајќи дека сега очекува оставка на владата и крупни политички промени во земјата.

Повеќето од етничките Срби во Црна Гора кои сочинуваат скоро 29 насто од 650 илјади жители не ги поддржуваат аспирациите на владата земјата да стане членка на НАТО.

Изјавата на Оланд предизвика големо внимание и во Грузија која се обидува да се интегрира во Алијансата. Во врска со ова американскиот амбасадор во Тбилиси, Ричард Норлад изјави:

„Не сакам да коментирам специфична изјава на лидер нa една земја членка на НАТО. Мислам дека е важно за Грузија да стори се што може за да ги достигне стандардите за членство во НАТО“, рече Норланд.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG