Достапни линкови

Затоа што така јас одлучив


Груевски - Странски служби прислушувале во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:50 0:00

Груевски - Странски служби прислушувале во Македонија

Премиерот Никола Груевски на вчерашната прес-конференција зборуваше за детали од истрагата во полициската акција „Пуч“.

Детали од истрагата на полицијата и Јавното обвинителство за аферата Пуч, како биле ангажирани и исплаќани инволвираните, кои пред истрагата го признал делото. Во едночасовното обраќање пред јавноста, премиерот Никола Груевски зборуваше најмногу за вакви детали поврзани со истрагата што ја поведе МВР против лидерот на СДСМ Зоран Заев и неколку други лица кои се сомничат за „шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи“. На новинарско прашање во кое својство се јавува на прес-конференцијата и зошто тој изгегува да соопштува детали од истрага Груевски одговори кратко.

Tоа e срамно замешување во независноста на судството и обвинителството, тоа е мешање не само во презумпцијата на невиност, туку и квалификација на дела.
Сашо Орданоски, аналитичар.

„Затоа што така одлучив, јас да ги соопштам“, рече Груевски.

Според аналитичарот Сашо Орданоски, вчерашната прес-конференција покажала дека на чело на државата има, како што вели, политичар кој или не ги разбира или намерно ги гази карактеристиките на правната и демократска држава.

Треба да се избегнува да се зборува за истрагата затоа што постои опасност да се отежни истрагата, односно работата на истражните органи, на обвинителството, на судот итн.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

„Tоа e срамно замешување во независноста на судството и обвинителството, тоа е мешање не само во презумпцијата на невиност, туку и квалификација на дела, тој вчера коментираше пресуда која еден час пред да излезе на прес-конференција ја донел судот, која сè уште не е полноважечка, односно правосилна. Тој говореше и за истрага за луѓе за кои сè уште нема подигнато ниту обвиненија, тој говори за детали од истрагата. Тој донесува заклучоци и ја наведува јавноста да мисли дека тие луѓе се виновни“, вели Орданоски.

Тоа што го зборуваше премиерот е работа пред сè на јавниот обвинител, коментира професорот Темелко Ристовски.

„Треба да се избегнува да се зборува за истрагата затоа што постои опасност да се отежни истрагата, односно работата на истражните органи, на обвинителството, на судот итн.“, вели Ристовски.

Според него, по прес-конференцијата на премиерот не се наѕираат знаци за разрешување на актуелната политичка криза, туку напротив, ситуацијата оди кон разгорување.

И Орданоски е со слично размислување, со тоа што тој очекува разврска на подолг рок.

„Очекувам во наредните две-три недели да излезат уште поинкриминирачки аудио снимки во кои ќе има тешки криминали од различни области и злоупотреби што ги правела власта, барем според најавите од опозицијата. Во таа смисла премиерот и неговата екипа ќе

Заев - Власта прислушувала над 100 новинари
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:40 0:00

бидат во друга ситуација за едно две-три недели од сега. Мислам дека меѓународниот фактор кој е потполно освестен и веќе разбира со кого си има работа тогаш ќе одлучи порезолутно да се вмеша во македонската ситуација по што ќе следи одредена реставрација на институциите“, вели Орданоски.

Инаку Груевски вчера повторно нагласи дека нема да прифати техничка влада, ниту, пак, дека ќе има предвремени парламентарни избори и всушност ги демантираше очекувањата за таква политичка разврска на настаните.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG