Достапни линкови

Студентската автономија подолготрајна од Крушевската Република


Студентите, така се шегуваат, но велат не остапуваат од бараето за комплетно нов закон за високо образование во чие изготвување ќе учествуваат и во кој нема да има државен испит.

Со алтернативни предавања, работилници, дебати и проекции на филмови е исполнет и четиринаесетиот ден во автономната студентска зона прогласена на неколку факултети во Скопје. Студентите, кои веќе две недели го „окупираат“ Филозофскиот факултет, се шегуваат дека нивната „автономна зона“ станала подолготрајна од Крушевската Република. Студентот Жарко Јовановиќ од Факултетот за драмски уметности вели дека граѓаните сè уште доаѓаат на факултетот и донираат храна и оти целиот ден им и исполнет со некакви активности.

Помина многу време и мислам дека по сè што се случи и забите што ги покажавме, би било нереално да не се исполнат барањата. Само се одолговлекува и на тој начин само ќе се зголеми револтот и ќе се вклучи поголема маса.
Жарко Јовановиќ, студент.
Репортажа: Автономна зона на Машински факултет
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

„Се предвидува да имаме некои наши претстави коишто сме ги спремале за испит, потоа се прикажуваа наши филмови, со тоа ние од нашиот факултет можеме да допринесеме. Другите факултети со тоа што го имаат и го знаат, исто така учествуваат со свој дел за организираноста да биде подобра, така што сè функционира како некоја република во мало во оваа зграда“, вели Јовановиќ.

Тој очекува власта да ги исполни нивните барања, односно да донесе нов закон за високо образование, со кој ќе се почитува автономијата на универзитетот.

Друго клучно барање е во тој нов закон за високо образование да нема никаков механизам за надворешна проверка на знаењата на студентите, нема државен испит, нема екстерно проверување на знаењата.
Константин Битраков, Студентски пленум.

„Помина многу време и мислам дека по сè што се случи и забите што ги покажавме, би било нереално да не се исполнат барањата. Само се одолговлекува и на тој начин само ќе се зголеми револтот и ќе се вклучи поголема маса“, вели Јовановиќ.

Константин Битраков од Студентскиот пленум повтори дека тие не сакаат измени на постоечкиот, туку комплетно нов закон закон за високо образование.

„Со уште една измена и дополнување би создале навистина голема конфузија во целокупниот систем на високо образование, имајќи предвид дека има 16 измени на постоечкиот Закон за високо образование. Друго клучно барање е во тој нов закон за високо образование да нема никаков механизам за надворешна проверка на знаењата на студентите, нема државен испит, нема екстерно проверување на знаењата на студентите и се бара во целиот тој процес

Дубиоза колектив - Протестите немаат националност
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

на изготовка на новиот закон за високо образование да има учество и на студентите од Студентскиот пленум, коишто ќе бидат застапени барем со една третина од вкупниот број претставници во работните групи што ќе го изготват овој нов закон“, вели Битраков.

Тој очекува владата да ги прифати овие нивни барања.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG