Достапни линкови

Груевски - Веќе најавив дека ќе има „ваков вид на работи“


Премиерот Никола Груевски и неговиот српски колега Александар Вучиќ.
Премиерот Никола Груевски и неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Го замолив Заев да објави сè што има, така што од тој аспект засега не би коментирал нешто повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари, рече премиерот Груевски.

Премиерот Никола Груевски денеска рече дека тој уште на прес-конференцијата пред две недели најавил дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе објавува материјали од странски служби и оти засега нема да коментира ништо повеќе на таа тема.

Тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали, прибавил материјали коишто има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање на техничка влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив сè што има и што сака да објави, слободно да го објави, така што од тој аспект засега не би коментирал нешто повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Во врска со овие работи имав прес-конференција на којашто најавив дека следува период во којшто ќе има ваков вид на работи, затоа што претходно имав четири средби со господинот Зоран Заев, на на коишто тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали, прибавил материјали коишто има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање на техничка влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив сè што има и што сака да објави, слободно да го објави, така што од тој аспект засега не би коментирал нешто повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари“, рече Груевски.

Заедничка седница на владите на Република Македонија и на Република Србија.
Заедничка седница на владите на Република Македонија и на Република Србија.

Тој ова го кажа денеска во Скопје, на заедничка прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ, по заедничката седница на владите на двете земји, како одговор на новинарско прашање дали ќе понесе одговорност, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев го обвини дека наредил нелегално прислушување на повеќе од 20 илјади граѓани, при што објави, како што рече, дел од прислушуваните телефонски разговори.

Мислам дека кога ќе го завршиме Коридорот 10, дека тоа ќе отвори дополнителни можности, дополнително ќе ги забрза сите текови, тековите на размена на стоки и услуги. Разговаравме дури и за уште една работа, во туристичката понуда да излеземе заеднички на светските пазари и мислам дека тоа е потребно и дека постои голем потенцијал за напредок и на Србија и на Македонија.
Александар Вучиќ, премиер на Србија.

Ова е првпат премиерот Груевски да одговара на новинарски прашања, откако Заев почна да ги објавува, како што рече, нелегално прислушуваните разговори наредени од „братучетската двојка Груевски-Мијалков“.

На заедничката прес-конференција не присуствуваа македонските министри за финансии и за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, чии меѓусебни прислушувани разговори објави Заев.

Добрите политички односи, основа за продлабочување на економската соработка

Двајцата премиери, Никола Груевски и Александар Вучиќ, рекоа дека заедничката владина седница била конструктивна и многу продуктивна. Премиерот Груевски рече дека одличните политички односи меѓу двете земји даваат стабилна основа за надградба на економската соработка.

„Заеднички е заклучокот дека подобро економско поврзување може да се оствари преку реализација на конкретни проекти и инфраструктурно и енергетско поврзување, како и преку стимулирање на трговската размена, инвестиции и заеднички настап на трети пазари“, рече Груевски.

Одговарајќи на прашање од српските новинари во врска со кампањата „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ на ВМРО-НП, Груевски рече дека тоа е став на вонпарламентарна партија, но не и на македонската влада.

Српскиот премиер Александар Вучиќ дека суштината на меѓусебните разговори била во унапредување на економската соработка.

„Мислам дека кога ќе го завршиме Коридорот 10, дека тоа ќе отвори дополнителни можности, дополнително ќе ги забрза сите текови, тековите на размена на стоки и услуги. Разговаравме дури и за уште една работа, во туристичката понуда да излеземе заеднички на светските пазари и мислам дека тоа е потребно и дека постои голем потенцијал за напредок и на Србија и на Македонија“, рече Вучиќ.

Инаку, денеска беа потпишани седум документи меѓу владите на двете земји за соработка во економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието, заштита на животната средина, културата и за надворешна политика.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG