Домашните аналитичари ги оценуваат како многу добри односите меѓу Македонија и Србија. Истакнувајќи го економскиот аспект во заедничката соработка, тие оценуваат дека има приближување, иако е неспорно дека недостатокот на транспарентноста во спорот меѓу МПЦ и СПЦ ја доведува во прашање меѓусебната доверба на двете земји.
Од заедничката средба на двата кабинети не гледам ништо контроверзно, ниту надвор од вообичаените нормални односи меѓу државите. За жал, истото не може да се каже и за нашиот начин на поимање на односите со соседните држави и одржување на заеднички состаноци на владини кабинети како пракса која некако сè повеќе наликува како да е ексклузивно резервирано само за службен Белград.Арсим Зеколи, поранешен дипломат.
„Посетата на премиерот Вучиќ секако е добредојдена и се надевам дека ќе се одвива во конструктивен дух. Од заедничката средба на двата кабинети не гледам ништо контроверзно, ниту надвор од вообичаените нормални односи меѓу државите. За жал, истото не може да се каже и за нашиот начин на поимање на односите со соседните држави и одржување на заеднички состаноци на владини кабинети како пракса која некако сè повеќе наликува како да е ексклузивно резервирано само за службен Белград“, вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.
Професор Димитар Мирчев вели дека билатералните односи се значително подобрени, а посебен акцент и дава на трговската размена. Вели дека освен прашањето за црквата, со Србија немаме други отворени прашања.
Не верувам дека тоа прашање ќе се реши така брзо, меѓутоа е многу битно да не се заострува и да не дојде до ниво на меѓудржавни односи, затоа што навистина не е државно прашање.Димитар Мирчев, универзитетски професор.
„Не верувам дека тоа прашање ќе се реши така брзо, меѓутоа е многу битно да не се заострува и да не дојде до ниво на меѓудржавни односи, затоа што навистина не е државно прашање“, вели Мирчев.
Генерално односите меѓу земјите во регионот се сведуваат на политичко-економски односи меѓу државните елити, вели Зеколи. Таквите односи не се отсликуваат на општествено ниво и тоа посебно доаѓа до израз во Македонија, во која освен кич, шунд и турбо фолк пејачки не доаѓаат, ниту се канат, врвни уметници од соседството, додава тој.
„Иако имам разбирање за стравувањето за културна денационализација или загрозување на македонскиот идентитет како реалност поради блискоста на културите и јазиците или историските искуства, сметам дека вистинскиот проблем во квалитетот кој недостасува и се компензира со еден евтин популистички, провинциски, шаторски менталитет по мерка за владејачките партии на Македонија и Србија“, вели Зеколи.
Професорот Димитар Мирчев вели дека во однос на другите соседи постои неурамнотеженост во културното присуство на српската култура кај нас, но дека е претерано да се зборува за србизација на македонското општество.
„Има нормална културна размена при што и ние сме многу присутни во другите републики, па и во Србија“, вели Мирчев.
Неодамна поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП ја обвини актуелната власт за водење на класична југословенска политика во која, како што рече, се води конфронтација со останатите соседи, а идентитетската граница со Србија се брише. Според Георгиевски, македонските власти имаат јасна цел, односно што подалеку од ЕУ и НАТО и што поблиску до Србија.