Трет ден „окупација“ на УКИМ
Студентите ја продолжуваат окупацијата на некои факултети и повторно ја прекинаа наставата на Економскиот факултет. Велат дека се добро организирани и дека засега функционираат беспрекорно, а постојано добиваат и донации. Организираат и култро-забавна програма, но и дебати за високото образование и разни предавања.