Постоењето на партиски истражувачко-аналитички центри кои со закон ќе бидат формирани во земјава, ќе придонесат за зголемување на квалитетот на водењето на политика и ќе го зајакнат делувањето на партиите, вели еден од предлагачите на измените на овој закон, Артан Груби од Демократската унија за интеграција. Тој вели дека неговата партија веќе го формирала својот центар и се надева дека истиот ќе почне со работа во најскоро време.
Мислам дека центрите не треба да се гледаат како партиски институти, туку пошироко општествени институти коишто ќе се залагаат преку идеолошката матрица на одредената политичка партија да нудат најдобри решенија кои потоа ќе се ценат од страна на граѓаните.Артан Груби, Демократска унија за интеграција.
„Мислам дека центрите не треба да се гледаат како партиски институти, туку пошироко општествени институти коишто ќе се залагаат преку идеолошката матрица на одредената политичка партија да нудат најдобри решенија кои потоа ќе се ценат од страна на граѓаните.“
Четирите најголеми партии во државата во текот на годинава, односно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе добијат вкупно 280 илјади евра кои треба да се распределат помеѓу нивните истражувачко-аналитички центри. Според измените секој од формираните центри ќе добива и по дополнителни 10 илјади евра кои би се користеле исклучиво за обука на вработените.
Државата крати на социјални програми со оправдување дека нема пари во буџетот. Во таква една констелација финансирање на партиски истражувачки центри не е приоритетна работа и може да почека, а партиите самите да го финансираат своето работење.Здравко Савески, универитетски професор.
Домашните експерти велат дека не е проблематично постоењето на вакви центри ниту пак работата која тие би ја спроведувале, но проблематично е државното финансирање на истите во услови на социјално-економска криза.
„Државата крати на социјални програми со оправдување дека нема пари во буџетот. Во таква една констелација финансирање на партиски истражувачки центри не е приоритетна работа и може да почека, а партиите самите да го финансираат своето работење“, вели професор Здравко Савески.
Некои пак се се сомневаат во крајната цел на ваквите центри. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека тие центри ќе бидат користени за потребите на партиите.
Ако целиот овој процес заврши со одвлекување на вниманието на политичките партии од цивилниот сектор и промовирање на сцената во партиски институти, а со цел да го остават граѓанското општество да се развива без политички притисоци, ваквиот закон е оправдан, вели Муслиу истовремено предупредувајќи дека можни се поинакви сценарија.
„Се плашам дека формирањето на тие институти има друга причина, а тоа е етаблирање на некои вработени луѓе во политичките партии и обезбедување на нивните социјални и материјални потреби, а не промовирање на политичките идеи и ориентации.“
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе поделат рамноправно 60 проценти од средствата предвидени за партиски истражувачки центри, а овие пари треба да ги искористат за проектни активности, организација на трибини и дебати, испитување на јавното мислење, меѓународни активности и слично. Преостанатите 40 проценти наменети за оперативни активности ќе се распределат согласно со бројот на пратеничките мандати што ги освоиле на последните избори.